Во Хрватска во последните 24 часа повеќе оздравени од новозаболени


 

Во Хрватска во последните 24 часа новозаболени од ковид-19 се 37, а оздравеле 57, додека тројца починале, објавија денеска надлежните.

До сега во Хрватска регистрирани се 1.741 случаи на зараза, а оздравеле 473 лица, додека бројот ан починати е 34. На респратор во моментов се 31 пациент.

Тројцата починати имале придружни болести. Се работи за 98-годишна жена од Сплит, 73-годишник од Загреб и 74-годишен штитеник на Дом за стари во Дубровник.

Од вчера тестирани се 897 лица, од почетокот на епидемијата тестирани се 19.256, а во самоизолација има 15.059 лица.