Рекорден скок на заболени во Србија, починаа петмина


Во Србија во последните 24 часа тестирани се 2.464 лица, а кај 424 потврдено е присуство на корона вирусот, што е црн рекорд на заразени во еден ден.

Вчера починале пет лица, тројца мажи и две жени, а нивната просечна старост е 50 години. Процентот на смртност во Србија е 2,09 posto.

Од почетокот на епидемијата во Србија забележани се 4.054 случаи заразени од крона вирус, а од последиците од заразата починаа 85 луеѓ. Во болница се 2.890 пациенти, а на респиратор се 138.

Меѓу новозаразените најмногу се корисници на Геронтолошкиот центар во Ниш, каде се заразени 140 лица, како и четворица работници. Дирекоторот на Центарот денеска беше уапсен, заради сомнеж дека го криел бројот на заразени, а се се дозна откако еден човек почина.