Вјоса Османи: Влада со ПДК никако, единствената алтернатива влада на ЛДК и ВВ


Кандидатката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за премиерка, Вјоса Османи порача дека идната косовска Влада треба да ја водат партиите победнички на неделните изборите, кои до вчера беа во опозиција, ЛДК и Движењето Самоопределување (ВВ). Османи вели дека единствениот предизвик сега е постигнување договор за коалиција, но нагласува дека друга алтернатива освен влада на […]

Вучиќ на подарок доби албански речник


  Претседателот на србија, Александар ВУчиќ денеска доби несекојдневен подарок од дописникот на албанската телевизија „Клан“, Идриз Сефери. „На неговата екселенција претседателот Александар Вучиќ мојот личен речник за подобро разбирање во иднина, отколку во минатото“, пишува во посветата, на речникот кој му го подари при интервјуто кое го водеше со Вучиќ за телевизијата „Клан“. По […]

Во Црна Гора стапува на сила законот за неработни недели


Црна Гора – Црногорската Управа за инспекциски работи соопшти денеска дека првата неработна недела за вработените во трговијата ќе биде 20 октомври и додаде дека казните за тие што ќе ги отворат продавниците ќе биде од 1.000 до 10.000 евра. Како што е наведено, можно е и трајно затворање на објектите. Трговија на големо и мало, […]

Блок: Не треба да се отворат преговори за пристапување на Албанија во ЕУ


Холандскиот министер за надворешни работи, Штеф Блок изјави дека холандската Влада смета дека не треба да се отворат преговори за пристапување на Албанија во ЕУ. Тој оваа изјава ја даде во парламентарната комисија за европски прашања на холандскиот Парламент, запрашан од пратениците дали треба да се отворат или не пристапните преговори со Албанија. Блок не […]

Курти: ЕУ не може да го замени националното обединување


Лидерот за Движењето „Самоопределување“, кој најверојатно ќе биде иден премиер на Косово, Албин Курти, синоќа изјави дека националното обединување на Албанците не може да се случи во Европската унија, но дека може да постои идеја за федерација. – Не можам да кажам дека националното обединување се случува во ЕУ. Тоа е местото каде што им […]

Палмер заедно со Гренел денеска во Приштина


– Високите претставници на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан и за дијалогот меѓу Косово и Србија, заменик-помошникот државен секретар Метју Палмер и американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел, денеска се очекува да допатуваат во официјална посета на Приштина. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, веста дека заедно со Гренел, чија посета беше […]

Доналд Туск ќе се обрати на „Athens Democracy Forum“ и ќе се сретне со Мицотакис во Атина


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туски денес и утре ќе биде во Атина, за во попладневните часови да се обрати на отворањето на конференцијата „Athens Democracy Forum“, а посетата на Грција ќе ја искористи и за средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Туск ќе се сретнат во […]

Бугарската Влада ќе ги утврди условите за евроинтеграцијата на Северна Македонија


Владата на Бугарија денеска треба да ја утврди позицијата и условите за поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Вицепремиерката и министер за надворешни работи Катерина Захариева вчера изјави дека ќе бидат утврдени најважните услови на Софија за поддршка на членството на Скопје во ЕУ. Во пресрет на очекуваната одлука на Советот на ЕУ за отворање […]

Грчкиот Парламент одобри прелиминарна истрага за поранешниот министер од СИРИЗА за случајот „Новартис“


Со мнозинство од 173 пратеници, грчкиот Парламент кусо по полноќ го одобри предлогот на 30 пратеници од Нова демократија за формирање специјална парламентарна комисија што ќе спроведе прелиминарна истрага за евентуалната вмешаност на поранешниот алтернативен министер за правда од владата на СИРИЗА, Димитрис Папангелопулос во случајот „Новартис“, jави дописничката на МИА од Атина. Во спроведеното […]

И Виена одлучи да ги задржи граничните контроли кон Словенија и Унгарија


Австрија – Откако Германија одлучи да ги продолжи граничните контроли кон Австрија за уште шест месеци и по 11 ноември, официјална Виена одлучи да ги задржи контролите на својата граница со Словенија и Унгарија. – Во согласност со околностите, ќе продолжиме со контролите што веќе ги спроведуваме на границата со Словенија и Унгарија, информира австрискиот министер […]

Иса Мустафа најави разговор со Албин Курти за постизборна коалиција


Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа најави вечерва дека наскоро ќе има средба со лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти со цел да разговараат околу можноста за формирање постизборна коалиција. По преброени 100 отсто од редовните гласачки ливчиња, Движењето „Самоопределување“, како првопласирана партија на предвремените парламентарни избори во Косово, води со околу 5.000 […]

Декларација на бугарското Собрание: Бугарија ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ


Бугарија и дава целосна поддршка на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, се наведува во Предлог-декларацијата на бугарското Народно собрание посветена на проширувањето на ЕУ и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија. Во предлог-документот, како што јави БГНЕС, Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање […]

САД очекуваат влада на Косово подготвена за дијалог со Белград


Соединетите Американски Држави им честитаа на граѓаните на Косово за „успешното завршување на парламентарните избори“, наведувајќи дека со нетрпение ја очекуваат „можноста да соработуваат со новата влада која ќе биде за дијалог“ со Белград. –  Се радуваме на можноста да работиме со новата влада, која ќе биде за дијалог, кога ќе биде формирана, влада која […]

Американскиот амбасадор се сретна со Курти во седиштето на Самоопределување


Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, чија партија победи на неделните вонредни парламентарни избори, се сретна денеска со амбасадорот на Соединетите американски држави во Косово, Филип Коснет. Во соопштението на ВВ се вели дека на средбата во партиското седиште Коснет изразил задоволство поради добриот тек на изборниот процеси и високиот одзив на граѓаните. – […]

Коцијанчич: Косовските такси мора да се укинат


Европската унија повикува на брзо формирање власт по косовските избори и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и укинвање на таксите на српската стока. – Ставовите на ЕУ не се сменети, таксите мора да се укинат, порача портпаролката на Унијата Маја Коцијачич. Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување […]

Косово: Три субјекти бараат пребројување на гласовите, се жалат за грешка во формуларите


Демократската партија на Косово (ПДК), Социјалдемократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и коалицијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма) – Алијанса ново Косово (АКР) поднесоа жалби до Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП), со барање за пребројување на гласовите од неделните вонредни парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Трите субјекти претендираат дека имало техничка грешка во […]

Грчкото МНР се подготвува за Брегзит без договор


Грција– Да се олеснат извозот и царинските процедури, да нема отежнување на животот и секојдневието за 50 илјади Британци кои живеат во Грција и околу 120 илјади Грци во Велика Британија се дел од точите на кои Министерството за надворешни работи на Грција го става акцентот по Брегзит, особено во случај на излез на Велика […]

Победа на опозицијата на изборите во Косово


Опозициската партија Ветевендосје (Самоопределување) ја прослави својата победа на парламентарните избори во неделата во Косово, соборувајќи ја некогашната доминантна Демократска партија на Косово (ПДК), која се најде на третото место по Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). Според првичните резултати, со 95,88 проценти од преброените гласови Самоопределување на Албин Курти освои само 0,69 проценти повеќе гласови […]

Идната година во Хрватска ќе се организира самит ЕУ-Западен Балкан


Хрватскиот амбасадор во Србија, Гордан Бакота, синоќа изјави дека самит на Западен Балкан и Европската унија ќе се одржи во неговата држава следната година. Од тој самит, Хрватска, како претседател на ЕУ во тоа време, ќе бара продолжување на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан јави Танјуг. И Хрватска и Србија се соочуваат со големи […]

Курти: Наместо царински такси реципроцитет, дијалог почнувам прво со Србите на Косово


Лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, кој победи на вчерашните предвремени парламентарни избори на Косово, за тиранската телевизја Топ чанел меѓу другото зборува за царинската такса кон Србија и за дијалогот со Белград. -Ние нема да ја укинеме царината туку ќе ја замениме со принципот на репроцитет, значи царинската такса никогаш не била политика на„Самоопределување“. […]