Почнува тестирање, колку корона вирусот навлегол во популацијата во Хрватска


 

Граѓаните кои правеле крвни анализи во Хрватска се потенцијални кандидати за спроведување голема студија.

Сите граѓани во Хрватска кои од минатата среда ваделе крв заради контролни или некои други прегледи, неврзани за заразата од корона вирус, се потенцијални кандидати за спроведување голема студија која ќе покаже колку длабоко корона вирусот влегол во популацијата, објави „Јутарњи лист“.

„Во првата фаза ќе бидат избрани 1.110 примероци крв, кои се собрани во болничките лаборатории, домовите за здравје и заводот за јавно здравје ширум земјата. СОбирањето ќе трае десетина дена, а до тогаш очекуваме да стигнат 1.100 тествои ELISA со кои ќе утврдиме кај колку луѓе има антитела, значи колку биле во контакт со вирусот“, вели Крунослав Цапак, директор на заводот за јавно здравје.

Во оваа фаза тоа ќе бидат анонимни примероци, а ќе се знае само полот, годините и дали боледува од некоја друга болест или е потполно здрав. Целта е да се види колку луѓе го имале вирусот, а биле асимптоматски.

Цапак објасни дека студијата се прави од две причини. Првата да се види колку асимптоматски случаи има, а втората да се види колку антитела има развиено.

Со тоа ќе се утврди колку долго трае имунитетот на болеста, што за сега е непознато.