Нови 324 заразени во Србија и пет смртни случаи за еден ден


 

Во Србија во последните 24 часа со коронавирус заразени се 324 лица, а тестирани се 2.673.

Во моментот вкупниот број на заболени во оваа држава е 6.318.

Во последните 24 часа како последица на вирусот Ковид-19 умреа уште пет луѓе, со што бројот на жртви се искачи на 122.

Стапката на смртност во таа држава изнесува 1,93 отсто, а бројот на хоспитализирани е 3.900.