Забранет влез и излез од Софија


Бугарија го забрани влегувањето и излегувањето од Софија, почнувајќи од 17 април и ќе трае за време на Велигден во обид да ги зајакне мерките за запирање на ширењето на корона вирусот, пренесе РСЕ.

Забраната, како што наведуваат властите, била неопходна заради „масовно заминување“ на Бугарите од главниот град пред четиридневниот празничен викенд.
Генералот Венцислав Мутафчииски, началник на Бугарскиот Национален штаб за операции, рече дека заминувањата биле многу загрижувачки бидејќи Софија е центарот на избувнувањето во земјата и движењето ќе доведе до влошување на ширењето на корона вирусот.

Мутафчииски не ја исклучи можноста и за построги мерки за справување со лошата дисциплина на некои Бугари. Бројот на инфекции со корона вирус во Бугарија се искачи на 800, а бројот на смртни случаи е 38.