Во Грција 17 нови случаи на Ковид-19 и уште тројца починати


Во изминатите 24 часа во Грција се регистриран 17 нови случаи на корона вирусот, со што бројот на заразени се зголеми на 2.224 лица, додека пак животот го загубија уште три лица, односно вкупно 108 од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција, попладневно соопштија дека 71 лице е хоспитализирано на интензивна нега, а 35 пациенти биле отпуштени од Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од починатите 108 лица, 29 се жени (26,5 отсто), а останатите мажи, додека пак просечната возраст е 74 години. 89,8 проценти од нив имале некаков здравствен проблем и/или се на над 70-годишна возраст.

Во изминатите денови се намалува бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 во Грција. Вчера беа соопштени 15, завчера 22, а во вторникот 25 нови заразени со коронавирусот.

Во однос на анализираните примероци, вчера и денеска не беа соопштени од Министерството за здравство на Грција.

Заклучно со средата 15 април 2020 година беа анализирани се 50.771 примероци.