Вучиќ: Сакаат да ја укинат Српска листа во Косово, се движиме кон катастрофа


Српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со информациите дека во Косово постои можност да се укине Српската листа, предупреди за многу лош развој на настаните и ги повика западните партнери и Приштина да „се вразумат“ со цел да се избегне катастрофа. – Јас сум многу загрижен за ситуацијата во Косово, особено во врска со обидот […]

Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле


Грчки полицаец во атинско кафуле си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил случајот и побарал да го најдат полицаецот, објави „То вима“. Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина, […]

Плевнелиев: Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ, Макрон греши


Северна Македонија мора да ги почне преговорите со Европската Унија, а францускиот претседател Емануел Макрон не треба да го блокира тоа, смета поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев. Во изјава за БГНЕС, Плевнелиев вели дека ЕУ треба да донесе одлука за старт на пристапните преговори и со Северна Македонија и со Албанија со што ќе го […]

Собир на акцијаши од поранешна Југославија во Велес


По повод 60-годишнината од формирање на младинската работна бригата „Кочо Рацин“, денеска на Спомен костурницата во Велес се собраа околу 200 акцијаши – ветерани и нивни подмладоци од републиките на поранешна Југославија и засадија пет зимзелени садници како симбол на досегашна и идна соработка и пријателство меѓу народите.. Душан Атанасовски заменик командантот на МРБ „Кочо […]

Во Загреб поставен семафор за пешаци што не креваат глава од телефон


Во рамки на кампањата „Ден без мобилни телефони во сообраќајот“, во Загреб е поставен нов вид семафор, кој фрла светлина веднаш пред пешачкиот премин, за црвеното светло да го видат и оние пешаци и велосипедисти кои се приближиле до крстосницата, но се фокусирани на своите телефони. Овој вид семафори е инсталиран првпат во Хрватска, а […]

Владата во Атина прави терен за гласање на Грците во странство


Многу наши сонародници имаат право да гласаат ако фатат авион, а ние немаме право да им забраниме да гласаат од нивното постојано место на живеење, вели грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, во видеото објавено на социјалните мрежи во однос на гласањето на Грците кои живеат во странство. Во кусото видео што трае помалку од една минута, […]

Вучиќ: Никој не ни нуди поделба на Косово, ништо нема да ни дадат


Никој не ни нуди ништо за Косово, ништо нема да ни дадат, Америка го призна Косово и бара независност и Америка нема да го промени својот став. Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, […]

Столтенберг: Турција да покаже воздржаност


Очекуваме од Турција да покаже воздржаност, а нејзините акции во северна Сирија да се одмерени, пропорционални и да се избегнат повеќе човечки страдања, порача од Атина, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од своја страна истакна дека Грција ги осудува турските операции во Сирија и додаде дека […]

Чавушоглу: Турција ќе возврати доколку САД воведат санкции


Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу предупреди денеска дека Турција ќе возврати доколку САД воведат санкции поради нејзините воени операции во североисточниот дел на Сирија против курдските борци кои ги поддржува Вашингтон. Анкара може да биде соочена со санкции, предложени од републиканскиот сенатор Линдси Грем и неговиот демократски колега Крис Ван Холен, кои би […]

Виорика Данчила: Нема да поднесам оставка


Романскиот премиер Виорика Данчила, по денешното изгласување недоверба на нејзината влада, изјави дека нема да поднесе оставка како лидер на Социјалдемократската партија(СДП) и нема за што да биде обвинета.  – Знаете дека бев избрана на конгрес. Останувам во раководството на СДП, истакна Данчила, откако на заедничката седница на двата дома на парламентот во Букурешт вкупно […]

(ВИДЕО) Парада на гордоста во Приштина


Во главниот град на Косово, ЛГБТИ заедницата ја одржи ,,Парада на гордоста”. Мажи и жени, млади и стари лица на плоштадот „Скендербег“ во Приштина со собраа да маршираат заедно под мотото „За кого ти бие срцето“. На парадата биле видени и косовски политичари и преставници од дипломатските мисии во Косово, кои го подржуваа и маршот, јавува Индексонлајн. […]

ВВ и ЛДК постигнаа договор за заедничко владеење


Движењето Самоопределување и Демократксиот сојуз на Косово постигнаа договор за заедничко владеење. Албин Курти истакна дека уште не е разговарано за посебни имиња и функции. ,,Косово загуби многу време и очекувањето на граѓаните е многу големо. Почнавме преговори за една што поефикасна влада и што посилна држава” – изјави претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти. […]

Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на стоки, капитал, услуги и луѓе. Со неа, како што […]

Дендиjас: Пријателски ја гледаме Северна Македонија


Со пријателски чувства ја гледаме Северна Македонија и пријателски го гледаме овој народ, тоа е мала земја на која многу можеме да ѝ помогнеме, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, но додаде дека и „соседите треба да ја почитуваат чувствителноста на грчкиот народ“. Како што […]

Бугарското Собрание расправа за Предлог-декларација за поддршка на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ


Бугарското Собрание денеска расправа за Предлог-декларација со која се предлага Бугарија да даде целосна поддршка отпочнувањето на преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Како што јави БГНЕС, расправата по Предлог-резолуцијата е прва точка на денешната седница на бугарското Собрание. Предлогот за вметнување на оваа точка на дневниот ред на собраниската […]

„Новости“: Србија годишно ја напуштаат околу 51.000 луѓе


Србија месечно ја напуштаат 4.250 луѓе, односно околу 51.000 луѓе годишно, според податок на Европскиот завод за статистика. Во исто време, 228.000 млади луѓе го напуштиле Западен Балкан, што е околу 20 проценти од работната сила, објавија „Новости“. Сепак, според официјалните податоци на Белград, од 2002 до 2011 година, 150.000 граѓани на Србија заминале во […]

Штрајк во хрватските основни и средни училишта


Челниците во синдикатите во образовението во Хрватска по неуспешните преговори со Владата најавија од денеска почеток на штрајк во основните и средни училишта во државата. По вториот круг преговори, Владата не ги задоволи нивните барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работа во образованието од 6,11 отсто. Од денеска во штрај ќе бидат сите […]

Ципрас на Туск му ја истакнал важноста за отпочнување пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија


Ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство, напиша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас на неговиот официјален профил на Фејсбук, по средбата со Доналд Туск, јави дописничката на МИА од Атина. -Ручек со претседателот на Европскиот […]

Рама ја пофали македонската опозиција, а ја обвини албанската за разлничните ставови на земјите во ЕУ


Во врска со барањето на Холандија, Албанија да се оценува одделно од Северна Македонија, кога станува збор за отворањето преговори со ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама, рече дека „процесот на интеграција на Албанија и Северна Македонија се третира како прашање на домашната политика на Холандија“. Според него, оној што треба да разбере, разбрал, дека сите […]

Борисов: Го поддржуваме започнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија


На денешната владина седница донесовме одлука да го поддржиме започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија со ЕУ, но ќе инсистираме тие да ги почитуваат добрососедските односи. Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговиот фејсбук профил. -Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со […]