Нови пет смртни случаи во Србија: Струката никогаш нема да препорача отворање на градинките


 

Според најновите податоци во Србија има пет нови потврдени смртни случаи од корона вирус, тројца мажи и две жени, пренесе Б92.

Во Србија досега се евидентирани 7.403 заразени лица со корона вирус, 144 починати и 1.094 оздравени граѓани.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 3.563 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот за првпат изнесува пет отсто, односно 207 нови заразени лица, изјави на владината прес-конференција заменик директорката на Институтот „Батут“, епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Во прв момент корона вирусот е потврден кај 165 лица во Геријатрискиот центар во Ниш, а во еден момент во болницата во Ниш биле сместени 200 заболени.

Сите се префрлени таму за да биде полесно да им се помогне, но сепак, за жал има и смртни случаи.

Најавена е и релаксација на мерките од следната недела кога со работа треба да почнат пазарите во затворено, фитнес центрите, теретаните и фризерските салони.

Пензионерите следната недела ќе имаат еден час повеќе за движење од 18 до 1 наутро.

Најавен е почеток на јавниот транспорт.

На респиратори се наоѓаат 95 пациенти, но лекарите уверуваат дека имаат доволно и дека за сега нема недостаток на овие машини

Во Србија заразени се 622 здравствени работници, што е вкупно осум отсто од заболените, и дека тоа е добар податок во однос на други земји каде тој процент изнесува 10 до 15 отсто.

Се размислува и за почеток на спротстките настани и враќање на спортистите на тренинг, како и враќање на публиката на терените.

Според лекарите, струката никогаш нема да предложи отворање на градинките, но треба да се има на ум дека има родители на мали деца кои немаат каде да ги остават додека се на работа, а особено сега кога сите се на некој начин во изолација.

Се очекува во еден момент да се отворат границите за патување и летување, но предлагаат граѓаните подобро да ја запонаат својата земј летово.

Не ја исклучуваат можноста за втор бран на зараза на есен, но за тоа ќе се следат податоците од јужната хемисфера, а тврдат дека сите прогнози сега, би биле несериозни.

Додаваат дека вакцинацијата на децата сигурно нема да биде задолжителна за сите со оглед на податоците кои ги имаат.