Грчките хотели ќе проработат од јули


Шефовите на петте најголеми хотелски групи во Грција проценија дека годинешната туристичка сезона нема да започне пред јули.

Сигналот за овој сектор ќе биде укинување на ограничувањата на Ковид-19, но само тоа нема да биде доволно. Тие ја потенцираат дека се потребни  паневропски здравствени протоколи што ќе ги направат туристите да се чувствуваат безбедно.

Дотогаш, секторот испитува кои хотелски единици би можеле да се отворат: можеби не сите и секако не сите одеднаш.

Хотелиерите изразија задоволство од владините мерки, но исто така повикаа на повеќе даночни олеснувања.