Словенија: Од нови 1.459 тестирања само девет позитивни


Љубљана – Словенечките здравствени власти објавија дека изминатото деноноќие се направени 1.459 нови тестови за коронавирусот од кои позитивни биле само девет.

Според истите податоц,и има намалување на бројот на пациенти кои болнички се лекуваат од Ковид-19. Во здравствените центри низ земјата сега се хоспитализирани вкупно 82 лица, од кои 24 поради потешка клиничка слика се наоѓаат во одделите за интензивна нега.

Изминатите 24 часа поради Ковид-19 починаа уште две лица, а осум се отпуштени од болница и се евидентирани како оздравени.

Словенија досега вкупно направи речиси 40.000 тестирања за коронавирусот. (МИА)