Познат бугарски новинар усмртен од џип на семафор


Познатиот ТВ-презентер Милен Цветков почина во сообраќајна несреќа во Софија, јави Нова ТВ.  Според првичните информации, новинарот бил во автомобил и чекал на црвен семафор кога џип се удрил во него со голема брзина. Новинарот се здобил со повеќе повреди и починал на патот кон болницата, јавуваат телевизиите.

Околу инцидентот е задржан 22-годишниот возач кој е тестиран дали е позитивен на употреба на дрога. Тимови од полицијата  биле испратени на местото на настанот за да ги разјаснат причините за судирот.

Овој месец Цветков започна да ја режира програмата „Алтернатива“ со новинарката Генка Шикерова на ТВ1. Најавено е како емисија „од независни и размислувачки новинари за независни и размислувачки гледачи“ .