Како температурата влијае на корона вирусот?


  Иако до сеха податоците во врска со влијанието на температурата врз ширењето на корона вирусите се различни, изгледа дека најновото истражување во Грција покажа дека висруот помалку се пренесува во земјите со високи температури. Студијата ја спроведе Белодробната клиника на Универзитетот во Тесалија, во соработка со Центарот за интердисциплинарни истражувања на Националниот технички универзитет […]

Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес по седницата на кризните штабови ги заостри мерките во борбата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ на прес конференција најави дека од сабота во 13 часот до понеделник во 05 ќе биде забрането движењето на територија на цела Србија, освен […]

Вијести: РТЦГ ги отпушти сите хонорарци


Јавниот сервис на Црна Гора, во ситуација на епидемија на коронавирус, заклучно вчера ги отпушти сите вработени кои имале статус на хонорарни соработници, објави подгоричкиот весник „Вијести“. Генералниот директор на Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ) Божидар Шундиќ го известил менаџментот дека од вчера во Јавниот сервис нема да работат хонорарци. Шундиќ во дописот навел дека […]

Словенија тестира за десет минути, најмногу тестирања по глава на жител


Здравствениот дом во Копер е првиот што воведува таканаречено мобилно тестирање на луѓето за корона вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Според лекарите, главната предност на ваквото тестирање е што за три пати се намалува времето на траење на процедурата за тестирање за корона вирусот. Со новиот систем, пациентот прво телефонски се јавува, а […]

Српската Влада ја повлекува одлуката за информирање во текот на вонредната состојба


Српската Влада, на барање од шефот на државата Александар Вучиќ, денеска ќе ја повлече одлуката за информирање во текот на вонредната состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Таа истакна дека власта направила се што е потребно за граѓаните на Србија да бидат точно и навремено информирани и ниту една […]

Литургиите во грчките цркви за Велигден ќе се одвиваат зад затворени врати


Свечените литургии за време на неделата пред Велигден, во црквите ќе се одржат скромно, без мегафони и без биење на камбаните, зад затворени врати, одлучи Светиот синод на Грчката православна црква по вчерашниот повеќечасовен состанокот одржан телеконференциски и ги повика сите да се придржуваат кон „упатствата на здравствените власти и научниците и да не бидат […]

Во карантин бегалскиот камп „Рицона“ во Грција, 20 лица заразени со Ковид-19


Бегалскиот камп „Рицона“ во близина на грчкиот остров Евиа од денеска е во 14-дневен карантин, откако беше потврдено дека 20 лица се заразени со Ковид-19, по проверката на контактите на родилката позитивна на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за миграција и азил на Грција, утрово соопштија дека по наредба на надлежниот […]

Прва жртва на корона вирусот во српската Влада


Државниот секретар во српското Министерство за заштита на животната средина, Бранислав Блажиќ почина од Ковид-19, беше објавено во српските медиуми. Блажиќ пред пет дена бил приклучен на респиратор и тогаш неговата состојба била стабилна. Но, денеска му се влошила, што резултирало со смрт.

Српската влада обвинета за цензура


Српската Влада на 28 март донесе заклучок за информирање во време на пандемијата на Ковид 19 со кој информирањето на јавноста се централизира, пишува денес весникот „Данас“, додавајќи дека заклучокот ниту е објавен на веб-страницатана владата, ниту официјално некој има објавено дека тој е усвоен. Весникот „Данас“ наведува дека заклучокот предвидува секој што објавува информации […]

Масимо Фавила за „Независен“: Бројот на заразени во Италија е многу поголем од официјалниот


Слободанка Јовановска Бројот на заразени во Италија е многу поголем од тој што се кажува во дневните билтени, вели Масимо Фавила, експерт за епидемиологија, санитарен директор и поранешен раководител на одделот за превенција на регионот Пиемонт.  Според него, здравствениот сектор реагирал на врвно ниво, но бројот на болни истовремено бил зачудувачки неверојатен. „Каков ќе биде […]

Косовската влада ја укина таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина


Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека од ноќеска на полноќ стапува во сила одлуката на Владата за укинување на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на новинарите на пауза од вечерашната седница на неговиот кабинет, Курти […]

Вучиќ не се чувствува добро: Ќе се обрати на нацијата во следните 48 часа


Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе ѝ се обрати на нацијата во следните 48 часа. Како што рече министерот за финансии Синиша Мали, претседателот на присуствува на прес-конференцијата за економските мерки по повод ситуацијата настаната поради епидемијата со корона вирусот затоа што не се чувствува добро. Тој ќе им се обрати дури за два дена.

Министер повика првоаприлскиот хумор да биде само смешен, не и опасен


Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давот Божиновиќ апелираше до граѓаните првоаприлскиот хумор да биде само смешен, а не да дезинформира и да стане опасен. Додава дека очигледно, хуморот што се шири изминатите денови служи како лек. „Навистина има добри штосови на сметка на целата оваа ситуација. Но, би ги замолил сите утрешниот 1 април […]

Бугарија го укинува задолжителното носење заштитни маски


Бугарија– Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев изјави денеска дека е укината мерката за задолжително носење заштитни маски за лице, во затворен и на отворен простор. Тој рече дека мерката е воведена во понеделникот за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, но поради немање на јавен консензус, мерката ќе остане само препорака. Тој најави […]

Црн ден за Србија: Седум мртви, уште 115 заразени, вкупно 900


Директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ, рече дека ова е најттешкиот ден за Србија. Соопшти дека во последните 24 часа забележани се нови седум смртни случаи од корона вирус, а дека има нови 115 новозаразени. Со ова, бројот на заразени во Србија се искачи на 900.

Српската Влада за 10 отсто ги зголеми платите на сите здравствени работници


Српската Влада на денешната седница усвои одлука со која на сите здравствени работници од 1 април им се зголемува платата за десет отсто, соопштија Владата. Како што јави дописникот на МИА од Белград, зголемување на платата се однесува на сите здравствени и военоздравствени институции, вработените во здравствената заштита во установите на социјална заштита, како и […]

САД ќе испратат во Италија медицинска опрема во вредност од 100 милиони долари


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД во Италија,но и на други европски земји, ќе испратат вишок медицинска опрема во вредност од 100 милиони долари како помош во борбата против коронавирусот. На брифинг за состојбата со коронавирусот во земјата Трамп кажа дека вчера телефонски разговарал со италијанскиот премиер Џезепе Конте и дека му кажал дека […]

Се затвора шеталиштето во Солун


„За жал, принудени сме да го ограничиме движењето на шеталиштето, бидејќи сме должни да го заштитиме јавното здравје“, напиша на „Фејсбук“ заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, соопштувајќи дека, шеталиштето покрај морето во Солун ќе биде затворено преку недела од 14 до 8 часот и целосно за време на викендите, јави дописничката […]

Во Грција вкупно 43 жртви од корона вирусот


Уште пет лица во Грција починаа од коронавирусот со што бројот на жртвите од почетокот на епидемијата се зголеми на 49, додека бројот на заразени лица изнесува 1212, од кои 56 се нови, согласно податоците од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на регистрирани нови случаи денеска е речиси […]

Србија: Нови три смртни случаи од Ковид 19, на респиратори 62 лица


Српските власти соопштија денеска за уште три смртни случаи од новиот корона вирус во државата. Според нив, во изминатите 24 часа потврдени се уште 44 случаи на заразени со што вкупниот број е 785. Вкупниот број на починати од тој вирус во Србија е 16. Хоспитализирани се вкупно 540 луѓе заразени со Ковид-19 од кои […]