Бугајски: Само ЕУ може да помогне на земјите од Западен Балкан


Балканот може да очекува голем економски пад во наредните месеци, а ЕУ ќе биде важна во давањето помош за економски закрепнување, изјави американскиот аналитичар Јануш Бугајски, додавајќи дека ниту една друга сила нема ресурси за значително да му помогне на регионот, и покрај дезинформациите кои ги шират Кина и Русија. Во интервју за подгоричка „Побједа“, […]

Во Србија сите заразени мораат во болници, нема веќе лекување во домашни услови


Србија– Српското Министерството за здравство и институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ проследија до локалните самоуправи инструкции, со кои се наложува дека сите заразени лица со коронавирус мора да се да се лекуваат во ковид болниците или во импровизираните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има […]

Бугарските пратеници и министри се откажаа од платите за време на вонредната состјоба


Дебатата за висината на пратеничките плати за време на вонредната состојба во Бугарија, на денешната парламентарна расправа доби целосен пресврт, откако пратениците на владеачката партија ГЕРБ изненадувачки се откажаа од претходната идеја нивните плати да бидат „замрзнати“ и поднесоа предлог целосно да се откажат од нив до крајот на вонредната состојба, пренесе БГНЕС. На овој […]

ЕУ ќе му даде на Косово помош од 160 милиони евра


Шефицата на Канцеларијата на Еропската унија во Приштина Наталија Апостолова најави дека Косово може да очекува помош од Брисел за справување со епидемијата на Ковид-19 во висина од 160 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на Твитер по денешните разговори со косовската министерка за економија Розета Хајдари и министерот за финансии […]

Во Србија седум нови смртни случаи, вкупно заразени 2.200 лица


Во Србија во изминативе 24 часа регистриран се седум нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се искачи на 58 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Од седумте починатите тројца се мажи и четири жени со просечна старост од 64,5 години, или досега починати се 42 лица од машкиот поли и 16 […]

Хрватска ќе утврдува колку биле заразени, а немале симптоми


Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак најави дека земјата ќе спроведе истражување на целокупната популација за да се утврди кој сè бил заразен со коронавирус, а можеби не пројавил симптоми. – Пред неколку дена почнавме преглед на литературата за да видиме како тоа изгледа во другите земји. Знаеме сигурно за крузерот Јокохама, […]

Поради снег во јужниот дел на Бугарија прогласена вонредна состојба


Поради обилни снежни врнежи во општината Рудозем на Родопските Планини, во јужниот дел на Бугарија, денеска е прогласена вонредна состојба. Сообраќајот е во прекин, а селата се целосно блокирани и нема пристап до нив. На некои места висината на снегот достигна и до еден метар. Тешкиот и влажен снег предизвика лизгање на земјиштето на патиштата, […]

Невреме и поплави во повеќе делови на Грција


Невремето и силниот дожд кои вчера и денеска зафатија повеќе делови од Грција, предизвикаа проблеми на Халкидики и на островите Скиатос и Евија, каде што се поплавија голем дел од улиците, јави дописничката на МИА од Атина. Во близина на Халкидики, доцна синоќа, противпожарната служба на Грција со четири пожарникари и две возила интервенирала за […]

Нови случаи позитивни на вирусот во Владата на Србија


Александар Пајиќ, советник на министерот за образование, Младен Сарчевиќ и уште двајца од истото министерство се позитивени на вирусот корона. Пајиќ e префрлен во КБЦ Драгиша Мишовиќ рано утрово и е на респиратор, а другите двајца се со лесна клиничка слика. – Тројцата имаа состанок на кој веројатно си го пренеле вирусот, изјавил министерот Сарчевиќ. […]

Вучиќ: Ноќта зад нас беше тешка и ќе има уште потешки!


Претседателот на Србија изјави денеска дека ноќта во Србија по прашањето на корона вирус била тешка и дека ќе има многу потешки. Вучиќ исто така најави дека повеќе медицинска опрема од Кина ќе пристигне во Србија за неколку дена и  сите општи болници во Србија ќе добијат клинички и редовни респиратори. Тој истакна дека е […]

Правејќи скара предизвикале пожар во Националниот парк Фрушка гора


Во ЈП „Национален парк Фрушка Гора“ граѓаните правејќи скара на местото Думбово предизвикале пожар. „Пожарот избувна денес околу 11 часот по полноќ, а противпожарната бригада„ Беоцин “и чуварската служба на националниот парк ЈП Фрушка Гора го локализираа пожарот  околу 14 часот“, соопштил Националниот парк за Танјуг Пожарот бил видлив дури и од гребенот, од Бранковац […]

Забраната за движење во Грција продолжена до 27 април


Привременото ограничување на движењето на граѓаните во Грција што стапи во сила на 23 март, денеска е продолжено до 27 април 2020 година. Ова денеска го соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас истакнувајќи дека граѓаните уште три седмици ќе бидат посветени на целта „остануваме дома“, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите […]

Со помошта во Србија слетаа и руски воени доктори


На воениот аеродромот Батајница, во близина на Белград, утринава слета единаесетиот авион со медицинска опрема, техника и заштитна опрема, кои, според договорот на српскиот и рускиот претседател, Александар Вучиќ и Владимир Путин, Москва и ги испрати на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Помошта вчера беше доставена со шест авиони, а во текот […]

Во Албанија регистрирани нови 29 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 333 лица


Во Албанија се зголемува бројот на заразени со Ковид-19, но и на излекуваните и починати лица. – Во последните 24 часа тестирани се 216 сомнителни случаи од кои 29 се позитивни, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 333 лица. Просечната возраст на заразените е 50 години. Добра вест е што во последните […]

Турција затвора 30 големи градови поради корона вирусот


Се забранува влез и излез од 30 големи градови во Турција во траење од 15 дена, објави на Твитер во своето обраќање до нацијата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Најважна е изолацијата, но се забележуваат прекршувања. Затоа е наложено да се премине од доброволна во задолжителна изолација. Од вечерва во следните 15 дена се […]

Пациентите сместени во карантинот на Белградскиот саем утре најавија штрајк со глад


Пациентите кои се позитивни на коронавирус и кои се наоѓаат во карантин на Белградскиот саем, најавуваат штрајк со глад доколку не им се даде можност за повторување на тестирањето, соопшти белградската ТВ Н1. Како што јави дописникот на МИА од Белград, оваа телевизија објави дека планот на пациентите е да започнат со штрајк утре, затоа […]

Во Србија осум починаа, 305 новозаболени


Во Србија во изминативе 24 часа регистриран е најголем број на починати-8 лица со што вкупниот број на починати се искачи на 39 лица. Од осумте починатите, 6 се мажи и две жени со просечна старост од 70 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,64%, изјави на денешната владина прес конференција членот […]

ЕУ официјално го назначи Лајчак за специјален претставник за Западен Балкан


Службата за надворешни работи на ЕУ соопшти дека Мирослав Лајчак и официјално е назначен за специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина како и за западниот Балкан. „Задачата на новиот специјален претставник на ЕУ ќе биде постигнување на целокупна нормализација на односите помеѓу Србија и Косово, да се подобрат соседските односи и помирувањето […]

Шешељ повика на апсење новинари


Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ за време на вчерашното гостување на ТВ Пинк повика на апсење новинари, притоа посочувајќи одредени имиња, пишува белградскиот дневен весник „Данас“. – Мислам дека државата треба да покаже голема сила и едноставно да ги уапси. Вонредната состојба е состојба во која се суспендираат уставните одредби, а тоа значи […]

Твитер избришал над 8.000 профили поврзани со Вучиќ


Твитер избриша 20.000 лажни профили поврзани со српската, саудиската и египетската влада. Избришани се исто така и профили поврзани со властите во Хондурас и Индонезија кои ја нарушиле политиката на оваа мрежа и биле „насочени кон поткопување на јавната комуникација“, објавија од компанијата. Јоил Рот, шеф за интегритет на страниците, рече дека отстранувањето е дел […]