Во БиХ нови 77 заразени од корона вирус


 

Во последните 24 часа 77 лица во Босна и Херцеговина заразени се со корона вирус, соопштија здравствените власти.

Според Федералниот завод за јавно здравство во БиХ тестирани се 518 примероци, од кои 42 се позитивни на Ковид-19, додека во Република Српска има потврдено 35 случаи, од 278 теста.

Во федерацијата БиХ досега се тестирани 47.785 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 1.561 лица. До денеска оздравеа 992 пациенти, а активни се 523.

Најмногу заразени се со локална трансмисија или од семејни контакти. Во Република Српска досега се потврдени 1.845 случаи од корона вирус, починаа 119 пациенти, оздравеа 1.250, а тестирани се вкупно 33.870 лица.

Во Република Српска во болница се 100 пациенти.