Избори во Србија: Излезноста до 19 часот 45,5 отсто


Според набљудувачката мисија „Црта“ на парламентарните избори во Србија излезноста до 19 часот била 45,5 отсто, што е за 7,6 проценти помалку во однос на 2016 година. Гласањето завршува во 20 часот.

Покрај парламентарните денес во Србија се одржуваат и покраински и општински избори. Право на глас имаат 6,5 милиони граѓани. Партијата на претседателот Александар Вучиќ, според сите очекувањаќе биде голем победник на изборите кои ги бојкотираат најголемите опозициски партии.