Четири нови смртни случаи од Ковид-19 во Грција и 56 нови заразени


Бројот на починати од коронавирусот во Грција се зголеми на 90 лица, откако во изминатите 24 часа уште четири лица починаа, соопшти денеска професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во земјата регистрирани се уште 56 нови случаи на заразени со […]

Како Србија, Хрватска и Словенија реагираа на појавата на корона вирусот


Земјите во регионот различно реагираа на појавата на корона вирусот. Ова е компаративна анализа на мерките и зголемувањето на бројот на пациенти во Хрватска, Словенија и Србија. Додека епидемијата во Кина од својот врв почна да опаѓа, ситуацијата во Европа штотуку започна да се комплицира. Хрватска ги презеде своите први мерки на крајот на јануари. […]

Вучиќ: Србија ќе произведува нешто налик на хлорокин


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе започне со производство на нешто што наликува на хлорокин. – За еден месец ќе имаме 50.000 кутии, што е доволно за Србија, рече Вучиќ. Во меѓувреме, српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ рече дека земјата се наоѓа во тешка седмица и дека бројот на болни и мртви ќе се […]

Последното патување на 12 албански граѓани кои во Италија починаа од Ковид-19


Од италијанското пристаниште Бари,со траект кој испловил синоќа, се пренесуваат телата на 12 албански државјани, кои починале од новиот корнавирус. Траектот ќе вплови во албанското пристаниште Драч,по што возилата со посмртните останки ќе продолжат до родните места на починатите, каде ќе бидат погребани само со неколку најблиски роднини. „Поради состојбата со коронавирусот, во Албанија, на […]

Во Бугарија 13 заразени за 24 часа, вкупно 624 лица


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Бугарија е 624. Тоа го нагласи денеска шефот на Воената медицинска академија и шеф на Националната оперативна канцеларија, генерал мајор Венцислав Мутафчиски. Новите случаи се 13, во болницата се сместени пет заразени, додека на интензивна нега има 33 пациенти, јави БТА. Инфицираните медицински професионалци се 33. Има еден […]

Аптеките во Истанбул бесплатно делат заштитни маски


Турција– Истанбулската аптекарска комора и турското Министерство за здравство одлучија бесплатно да дистрибуираат маските на граѓаните во Истанбул. Според турската веб-страница Хаберлер, граѓаните ќе можат да ги подигнат маските во аптеките според кодовите што ќе ги добијат во СМС пораки. Носењето маска е една од превентивните мерки препорачани од Министерството за здравство со цел да […]

(Фото вест) Србија во 60-часовен карантин


Како лудило, ја оцени австрискиот аналитичар Флоријан Бибер одлуката на официјален Белград да воведе полициски час во Србија од 60 часа, од петок попладне до понеделник насабајле. Истата одлука наиде на неодобрување и во дел од јавноста во Македонија, поради што од официјални места почна да се спомнува олабавување во наредниот период.

Бугарските цркви нема да се затворат за Велигден


Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека православните цркви и храмови во земјата ќе бидат отворени за време на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирусот, објаснувајќи дека така ќе било затоа што многу луѓе биле очајни и со ослабнат дух. Борисов, исто така, денеска ги повика Бугарите да останат дома и оттаму да […]

Грчката Влада нема да дозволи Светиот оган да се носи од дом во дом


Светиот оган од Ерусалим и покрај пандемијата ќе пристигне во Грција, ќе се достави на целата територија, но нема да биде дозволено да се носи од дом во дом, како што планираа и најавија градоначалници од неколку грчки општини, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа дека црквите во Грција, за Велигден […]

Пецас: Процесот на враќање во нормала ќе биде бавен и долг


Процесот на враќање во нормала ќе биде бавен и долг, нема да се случи преку ноќ, порача портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен, преку видеоконференција, брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Пецас уште еднаш повтори дека Грција е во подобра ситуација од многу други европски земји, но истакна дека […]

Поради внатрешни кавги, БиХ останува без 165 милиони евра помош од ММФ


Босна и Херцеговина месецов нема да добие 165 милиони евра итна помош од Меѓународниот моментарен фонд (ММФ) бидејќи во таа земја не можат да се договорат како ќе се поделат парите, потврди шефот на канцеларијата на ММФ во Сараево Ендрју Џуел. – Властите и натаму не можат да се договорат како ќе ги поделат парите. […]

Уште еден земјотрес во Абланија почувствуван и во Македонија


Земјотрес со епицентар во близината на албанскиот град Корча се случи утринава во 4:28 часот, а беше почувствуван и во југозападниот дел од Македонија, особено во охридскиот и преспанскиот регион. Земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтер. Земјотрес во истото подрачје беше регистриран и пред два дена.

Бугарија: Во изминатите 24 часа 30 новозаразени, 13 од нив хоспитализирани


Во Бугарија  досега се потврдени вкупно 611 случаи на заразени со Ковид-19. Ова беше објавено на редовниот брифинг на раководителот на Воената медицинска академија и претседателот на Националниот оперативен штаб, генерал мајор проф. Венцислав Мутафчиски, јави БТА. Нови потврдени случаи во последните 24 часа се 30, од кои 13 се хоспитализирани. Процентот на заразени лица […]

Нови 14 случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 224 заразени, 37 излекувани и шестмина починати


 Во текот на вчерашниот ден во Косово се регистрирани седум случаи на излекувани од новиот коронавирус, како и нови 14 носители на вирусот, по што  официјалната бројка на заразени од Ковид-19 во земјата достигна до 224, објави Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК). Вклучително вчерашните седуммина, бројот на лица кои и по две последователни […]

Синот на Вучиќ заразен со корона вирусот


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека син му Данило има коронавирус и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград, објави РТС. „Кога почна сè, мојот Данило ми рече дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква за да биде примен на Инфективната клиника. Сине, […]

Жената во Хрватска поради која се затвори пошта нема корона вирус


Полицијата од Загреб извести дека жената која влегла во пошта во една загребска населба нема корона вирус и со своето однесување не го загрозила здравјето на луѓето присутни во поштата. Имено, таа носела документи кои треба да се испратат до претпријатието во кое работи нејзин сосед, кој пак има корона вирус. Таа се грижи за […]

Во Црна Гора одреден притвор за лице кое објавило список на болни од Ковид-19


Едно лице осомничено дека споделило список на болни преку Вибер е задржано во притвор 72 часа, јавија локалните медиуми. М.Р. е осомничен дека како службено лице задолжено за податоци за болни од Ковид-19 го испратил списокот со податоци преку Вибер на други лица. Во меѓувреме основен суд во Белград осуди на 19 месеци домашен затвор […]

Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ


Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска изјави дека Европската Комисија пренасочува 3,8 милијарди евра фондови за Западен Балкан и соседите на истокот и на југот на ЕУ за помош во борбата против корона вирусот, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е дел од стратегијата на Европската Унија за глобален одговор на пандемијата најавена вчера […]

(Фото) Заразена од корона вирус плаќала сметки во пошта во Загреб


Жена заразена од корона вирус утрово влегла во пошта во Загреб, а откако ги платила сметките ги информирала присутните дека е заразена и дека треда се да дезинфицираат. Поштата е затворена и веднаш е повикан епидемиолог. Шефот на Цивилната заштита на Нов Загреб, Валентин Рајковиќ за ХРТ изјви дека жената требало да биде во самоизолација. […]

Во Словенија потврдени 36 новозаразени со коронавирусот


Во Словенија се потврдени 35 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Изминатите 24 часа се направени вкупно 1.214 тестирања. Вкупниот број на инфицирани лица сега изнесува 1091. Од сите инфицирани болнички се лекуваат 111 пациент, а од нив само 35 се на одделите за интензивна нега. Од Ковид-19 […]