Во Хрватска од корона заразени 10 калуѓерки


Само во Осиечко-барањската жупанија во Хрватска, денеска има 12 нови случаи на Ковид-19, а меѓу нив има дури десет калуѓерки од манастирот „Милосрдните сестри на Светиот крст“ во Ѓаково, јавува „Јутарњи лист“.

Во манастирот има околу 180 калуѓерки и тие сега се во изолација.

Во Институтот за јавно здравје на Истра, анализите на примероци од брисеви потврдија инфекција со корона вирус кај три лица. Тоа биле увезени случаи. Едно лице е странски државјанин, турист од Република Србија, кој остварил контакт со позитивна личност во Белград. Според протоколот, туристот е во приватно сместување, а се организира враќање во матичната земја. Другите две лица се заразиле за време на нивниот престој во БиХ.

Сите 82 тестирани примероци се покажаа негативни на Ковид-19 во понеделникот вечерта по појавата на коронавирусна инфекција на тенискиот турнир во Задар „Адрија тур“, а позитивно е само едно петгодишно годишно дете заразено од член на семејство кој бил на турнирот.

Вчера во Хрватска се регистрирани 19 нови случаи на инфекција со корона вирус, бројката на денешните случаи уште не е објавена.