Во Бугарија повторно е задолжително носењето маски, брз пораст на случаите


СОФИЈА – Бугарија во понеделникот им нареди на жителите повторно да носат заштитни маски за лице на сите затворени јавни места, откако земјата го забележа својот највисок неделен пораст во случаите со корона вирус.

Наредбата, издадена од министерот за здравство Кирил Ананиев, дојде 10 дена по неговиот потег да носењето маски во затворени простории да го направи „високо препорачано“, но не и задолжително, освен на јавниот превоз, во аптеките и медицинските установи.

„Единствената цел за ова е да се зачува здравјето и животот на бугарските граѓани“, рече Ананиев, додавајќи дека луѓето треба да носат маски во продавници, спортски настани, кина и театри. Дистанцата од 1,5 метат од другите луѓе е исто така задолжително.

Ананиев рече дека до 1.000 навивачи ќе им биде дозволено на фудбалските стадиони за натпревари во бугарската лига.

Бугарија забележа 606 нови случаи на Ковид-19 минатата недела, најголем пораст на земјата за една седмица. Бугарија има регистрирано 3.905 случаи и 199 смртни случаи од корона вирусот.

„Очигледно, податоците за минатата недела за целата земја се алармантни“, рече градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. „Ова ја вклучува Софија.

„Затоа постојано дискутираме и ја разгледуваме ситуацијата. Мора да научиме да живееме со вирусот“, рече таа. (Ројтерс)