Огромна победа на партијата на Вучиќ на изборите во Србија


Според првичните податоци направени од Цесид и Ипсос на примероци од 45 отсто од гласачите, Српската народна партија (СНП) на Александар Вучиќ ќе освои 62,4 отсто од гласовите. По неа е Социјалстичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ со 10,6 проценти и СПАС со 4,1 отсто. Според овие резултати само овие три партии ќе влезат во паралементот. Сите други не успеале да го преминат прагот од три отсто.

На претходните избори во 2016 година партијата на Вучиќ освои 48 проценти од гласовите.

Првите проекции за распоредот на местата во парламентот велат дека СНП ќе има 180 пратеници, СПС ќе има 30 места и СПАС 11 пратеници. Другите места ќе бидат поделени меѓу партиите на етничките малцинства, како Унгарците во Војводина и Албанците на југот на Србија.