Борел: ЕУ не е фактор ако не го реши Косово


Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ не може да тврди дека е меѓународен политички фактор ако не успее да го реши прашањето Косово.

Тој во говорот на Форумот организиран од Германскиот Маршалов план во Брисел, изрази благодарност до Белата куќа за нејзините напори повторно да ги седне на преговарачка маса српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Борел истакна дека ЕУ „не се натпреварува со САД за златен медал“ на Балканот.