Пленковиќ и Грабар Китаровиќ биле на турнирот Адрија тур


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус.

Во Задар, Пленковиќ поздрави неколку тенисери, меѓу кои и Чилиќ и Ѓоковиќ, кои биле во директен контакт со заразениот Димитров, а како што пренесува порталот „Индекс“, хрватскиот премиер не бил на пропишаното растојание.

Димитров се дружеше со голем број луѓе во Задар, веројатно со стотици, можеби илјадници, вклучително и голем број деца како дел од Денот на децата, јавија хрватски медиуми.

По веста дека Димиторв е позитивен уште тројца тенисери се потврдени позитивни, меѓу кои и и Борна Чориќ, и кондициониот тренер на Ѓоковиќ.

Од 22 луѓе што биле во контакт со Димитров, 19 се негативни, а тројца позитивни.