Два нови случаи со Ковид-19 во Словенија


Во Словенија во последните 24 часа забележани се два нови случаи, еден во Љубљана и еден во копар.

Вкупниот број заразени е 1.513, додека нови смртни случаи нема, па бројот починати од Ковид-19 останува 109. Во болница има осум пациенти, двајца повеќе од вчера, меќу кои еден на интензивна нега. Во земјата има 34 активни случаи.

Бројот на новозарзени е значително помал од вчера кога имаше нови осум случаи, најмногу во последниот месец.

Заради опасноста од ширење на нови случаи со одлука на владата денеска забрана за влез во земјата без карантин имаат и оние кои доаѓаат од БиХ, Србија и Косово, поради влошената епидемиолошка слика во овие земји, а Македонијад претходно е на црвената листа на Словенија.