Милановиќ не гледа можност за одложување на изборите


Хрватскиот претседател го напушти собирот за 25-годишнината од акцијата „Блесок“ поради тоа што некои од учесниците носеле миаци со усташкиот натпис „За дом спремни“

 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави денеска дека не гледа можност за одложување на парламентарните избори, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Како што јави загребската телевизија Н1, Милановиќ рече дека поддржува олеснување и укинување на ригорозните заштитни мерки.

– Се плашам дека нема враќање и не можеме да се вратиме на претходниот вид затворање, тоа беше реакција на страв, реакција на ново, заканувачко, а сега знаеме колку е опасно и ќе се водиме според тоа дека старите и болните лица мора да се заштитат, а тоа го знаевме и порано, рече Милановиќ.

Парламентарните избори во Хрватска се закажани за 5 јули. Изборите требаше да се одржат на крајот на годината, но од страв дека може да се појави нов бран на зараза, беше решено да се излезе на гласање неколку месеци порано.