Грција: Цело село во строг карантин


Селото Ехинос во округот Ксанти, на северот на Грција, ставено е денеска во строг карантин од една недела.
Ваква мерка се воведе откако во тоа место од 11 јуни забележани се 73 случаи од корона вирус и четворица починаа.
На жителите на селото им е забрането да ја напуштаат таа област, а воведен е и 24-часовен полициски час, пренесе АП.
Како што наведува грчката агенција АНА, жителите мора да останат дома во следните седум дена.
Сите продавници ќе бидат затворени, освен аптеките и супермаркетите, додека користењето на заштитни маски е задолжително во јавност.
Грција рано воведе рестриктивни мерки поради корона вирусот и успеа да задржи мал број починати и тешко разболени на ниско ниво.
Во Грција, која има 11 милиони жители, заразени се 3.200 луѓе, додека 187 луѓе починаа од последиците од Ковид-19.