Уапсен Фикрет Абдиќ, началник на општината Велика Кладуша


Припадници на Федералната полициска управа (ФУП) денеска го уапсија началникот на Велика Кладуша, Фикрет Абдиќ, објавија босанските медиуми.Тој е уапсен по претрес во зградата на општината.

Станува збор за акција со име „Мрежа“, чија цел се неколку вработени во таа општина поради сомневање за злоупотреба на положбата.

Фикрет Абдиќ беше избран за началник на Велика Кладуша пред четири години, и покрај тоа што претходно во Хрватска е осуден за воени злосторства.