Во Црна Гора се врати вирусот – седум заразени


Во Црна Гора во средата биле регистрирани седум нови случаи од корна вирус.
„Од вчера до денеска до 21 часот, лабораторијата на Институтот анализираше 200 примероци од кои 193 беа негативни, а седум позитивни на новиот корона вирус. Четири новозаболени се контакти на порано потврден случај, а кај три новозаболени во моментот се трага по изворот на инфекцијата“, соопштено е синоќа од Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Од ИЈЗ истакнуваат дека епидемиолошките истражувања се во тек.