Потврдени 102 нови случаи со Ковид-19 во Србија


  Според последните информации, во Србија се потврдени нови 102 случаи со корона вирус, а почина едно лице. Тестирани биле 2.906 примероци. Во болница се лекуваат 315 пациенти, а на респиратор се 20. Стапката на смртност изнесува 2,19 отсто. Најголем број од новозаразените се во Белград, или 52.

Вучиќ – Лајчак: Србија ќе разговара за компромис за Косово, а не за ултиматум


Србија– Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека не мора да каже каков е одговорот на Србија ако некој мисли дека пораката до Белград треба да биде „признајте го Косово и нема да добиете ништо, а вашиот народ ќе биде изложен на погром како на 17 март 2004 година“. Како што јави дописникот на МИА […]

РСС: Вложувањата на ЕУ во Западен Балкан имаат потенцијал да привлечат 32 милијарди евра


Вложувањата на ЕУ од девет милијарди евра, плус 3,3 милијарди за справување со пандемијата од Ковид-19, имаат потенцијал да првивлечат вкупно 32,3 милијарди евра. Ова се наведува во аналитичкиот текст објавен на страницата на Регионалниот совет за соработка (РСС), потпишан од првите две жени на оваа организација, секретарката Мајлинда Брегу и нејзината заменичка Тања Мишчевиќ. […]

Хрватска со нови 508 случаи со Ковид-19, починаа седуммина


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 508 нови случаи со Ковид-19, а активни се 2.818. Меѓу нив 384 пациенти се во болница, од кои 26 на респиратор. Починаа седум пациенти. Од почетокот на пандемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеле 20.440 лица, од кои 324 починаа, а вкупно 17.298 оздравеа. До денеска тестирани […]

Ивајло Дичев: За кирилицата утре може да побараме и авторски права од Русите и Монголците


„Го преименуваме 24 мај затоа што јазикот е само наш. Сега останува да се отстранат Кирил и Методиј, бидејќи тие никогаш не стапнале во Бугарија“, вели познатиот бугарски антрополог Ивајло Дичев   Предлогот што помина во прво читање во бугарскиот парламент – дека старословенскиот јазик бил старобугарски и дека кирилицата треба да биде официјално означена […]

Захариева: Не можете да изградите просперитетна држава ако секогаш сте против


Обидот да се создаде слика за Бугарија со многу агресивен јазик за неа може да донесе некои краткорочни политички дивиденди, но на долг рок  е штетен за граѓаните на Северна Македонија. Ова за Нова ТВ го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа посочи дека разговорот со нејзиниот колега Бујар Османи,  во […]

Србија со 168 новозаразени, болеста повторно зема замав


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 168 новозаразени со корона вирус, а биле тестирани 4.976. Во истиот период почина еден пациент. На респиратор се 23 пациенти. Откако со недели наназад Србија имаше двоцифрен борј новозаразени дневно, последните неколку дена бележи пораст, од 121, 125, па денеска и 168 новозаразени.

И во Бугарија рекорд – 612 инфицирани за 24 часа


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 612 нови случаи на корона вирус, што е за 96 повеќе отколку во петокот. Во последните 24 часа се извршени 6.048 тестови за ПЦР, објави унифицираниот портал за информации на Министерството за здравство. Ова значи дека новорегистрираните случаи се 10,11 проценти од вкупниот број испитани. Четврти ден […]

Рама: Во Албанија од четврток маска и на отворено, казните во сметките за струја


Од четврток во Албанија се воведува задолжтелно носење заштитна маска и на отворен простор, најави премиерот Еди Рама, на денешната прес конференција. -Оваа мерка за превенција од корона вирус ќе стапи во сила в четврток, 15 септември. Сите граѓани се обврзани да носат маска насекаде, на улица, на секој јавен простор, освен дома и угостителски […]

Во Босна и Херцеговина со Ковид-19 заразени уште 432 лица


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина заразени се 432 лица, а регистриран е само еден смртен случај. Во Заводот за јавно здравство во Федерацијата биле тестирани 1.378 примероци, од кои 299 биле позитивни. Досега тестирани се 170.401, а Ковид-19 е утврден кај 19.764 лица. Излечени се 16.173 пациенти, а активни се 3.006 случаи. […]

Во Хрватска потврдени 486 нови случаи на корона вирус


Во Хрватска во последните 24 часа се потврдени 486 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 2.662, соопшти штабот за граѓанска безбедност. Хоспитализирани се 382 пациенти, од кои на респиратор се 29, додека од коронавирусот починаа уште четири лица, пренесува Индекс.хр. Во Хрватска од почетокот на пандемијата се потврдени 19.932 случаи на […]

Вархеји од Подгорица: Да се поврзат главните градови од регионот


Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји вчера  во Подгорица изјави дека Брисел предлага сите главни градови во регионот да се поврзат со автопатишта и железница, како и со брз широко појасен интернет. – Ви носам нов инвестициски план за Западен Балкан, во кој е вклучена и Црна Гора. Кога новата Комисија го презеде мандатот имавме […]

Во Србија поради примање мито уапсена помошник министерката за земјоделство


По наредба на српското Обвинителството за организиран криминал, помошник министерката за земјоделство Дарија Јањиќ Нишавиќ уапсена е попладнево поради сомнение дека примила мито, додека Д.Ч. е уапсен под сомнение дека ја има подмитено. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дарија Јањиќ Нишавиќ е раководител на Секторот за меѓународна соработка и ги води работите […]

Албанското тло не мирува, земјотрес од 3,5 степени во Драч


Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер е регистриран во 16:36 часот во близина на албанското пристаниште Драч. Епицентарот на земјотресот е во Јадранско Море, 23 километри од Драч,односно 42 километри од Тирана а на длабочина од пет километри. Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, ова подрачје го погоди вчера нешто по […]

Во Црна Гора во еден ден повеќе заразени отколку во целиот прв бран на епидеммијата Ковид-19


Црна Гора – Во Црна Гора денеска има рекордни нови 344 случаи на заразени со новиот коронавирус, што значи дека денешниот број е поголем од вкупниот број на заразени во првиот бран на епидемијата, кога беа регистрирани вкупно 324 случаи од средината на март до почетокот на мај. Црногорските епидемиолози предупредија дека бројот на заразени лица […]

И во Србија расте бројот новозаразени – денеска 173


  Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се нови 173 случаи со корона вирус, а почина еден пациент. Тестирани биле 6.933 примероци. На респиратори во болниците ширум земјата се 21 пациент. Досега од последиците на Ковид-19 во Србија починаа 761 лице. Вчера во Србија беа регистриани 121 новозаболен.

Словенија со нови 363 заразени со корона вирус


Во последните 24 часа, во Словенија се потврдени 363 новозаразени со коронавирус, од вкупно 3.682 тестирани, а четири лица починаа, објави словенечката влада. Бројот на инфекции се искачи на 7.872 од почетокот на епидемијата, има 2.865 активни случаи, а вкупно починаа 165 пациенти. Во моментов во болниците има 138 пациенти, од кои 22 се на […]

Уапсен Хрват во Германија – со мачета го убил постариот брат


Хрватски државјанин на возраст од 30 години бил уапсен во близина на германскиот град Минхен во четвртокот, каде со мачета го убил три години постариот брат, јави баварската полиција. Полицијата и итната медицинска помош рано утрото добиле повик од станарка на една зграда во Емеринг која слушнала кавга и тропање во соседниот стан. По доаѓањето […]

Српските служби за безбедност ја предупредија власта: Се спремаат напади од Албанци


Службите за безбедност на Србија го предупредија државниот врв дека се спремаат организирани напади и провокации од Албанци, пишуваат белградските медиуми. „Србите на Косово, особено оние во енклавите, во следните денови ќе бидат на мета на организирани провокации и напади од Албанци, а сѐ со цел да се створи нестабилност која би довела до повторен […]

Хрватска со високи бројки, но денеска под 500 новозаразени


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 457 заразени со корона вирус, па бројот на активни случаи изнесува 2.438. Меѓу нив 385 пациенти се лекуваат во болница, а 28 се на респиратор. Починаа тројца пациенти. Досега во Хрватска вкупно се заразиле 19.446, а починаа 313.ж Оздравеа 16.695 пациенти, од кои 222 во последното […]