Уапсен Хрват во Германија – со мачета го убил постариот брат


Хрватски државјанин на возраст од 30 години бил уапсен во близина на германскиот град Минхен во четвртокот, каде со мачета го убил три години постариот брат, јави баварската полиција.

Полицијата и итната медицинска помош рано утрото добиле повик од станарка на една зграда во Емеринг која слушнала кавга и тропање во соседниот стан.

По доаѓањето на итната помош 33-годишен Хрват е најден починат од смртоносни удари со мачета.

Полицијата го уапсила неговиот брат за злосторството, а телото на починатиот е предадено на судска медицина. Се истражува мотивот за убиството.