Српските служби за безбедност ја предупредија власта: Се спремаат напади од Албанци


Службите за безбедност на Србија го предупредија државниот врв дека се спремаат организирани напади и провокации од Албанци, пишуваат белградските медиуми.

„Србите на Косово, особено оние во енклавите, во следните денови ќе бидат на мета на организирани провокации и напади од Албанци, а сѐ со цел да се створи нестабилност која би довела до повторен застој на дијалогот меѓу Белград и Приштина како опструкција на соработката со Специјалниот суд во хаг“.

Ова предупредување, како што неофицијално дознаваат медиумите, од српската безбедносна служба е предочено пред државниот и воен врв и особено добива на тежина затоа што во последните неколку дена зачестени се напади на српското население во Косово, а во еден инцидент беше вклучено и дете.

Како што се наведува, албанските челници во Косово од почетокот на септември спроведуваат акција под кодно име „Чест“ за да спречат подигнување на обвинение на претстедателот на Косдово Хашим Тачи и неговиот соработник Кадри Весели, поради убиство на речиси 100 луше, воени злосторства, прогони и мачење, пред Специјалниот суд во хаг.