Во Хрватска потврдени 486 нови случаи на корона вирус


Во Хрватска во последните 24 часа се потврдени 486 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 2.662, соопшти штабот за граѓанска безбедност.

Хоспитализирани се 382 пациенти, од кои на респиратор се 29, додека од коронавирусот починаа уште четири лица, пренесува Индекс.хр.

Во Хрватска од почетокот на пандемијата се потврдени 19.932 случаи на коронавирус, а 317 лица починаа. Вкупно излекувани се 16.953 луѓе, од нив 258 во последните 24 часа.