Хрватска со нови 2.772 заразени, починаа 20 лица


  Во последните 24 часа забележани се 2.772 нови случаи на заразени со корона вирус по што бројот на активни случаи се искачи на 15.106. Меѓу нив 1.027 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор има 74 пациенти. Починаа 20 пациенти. Од почетокот на епидемијата во Хрватска се забележани 46.547 позитивни на корона вирусот, […]

Почина митрополитот црногорско приморски Амфилохиjе


Митрополитот  црногорско приморски Амфилохије утрово почина во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, соопшти Митрополијата. Митрополитот Амфилохије почина во осум часот и 20 минути, а Митрополијата наведе дека дополнително ќе биде известена јавноста за деталите за погребот. Веста дека почина Митрополитот црногорско приморски Амфилохије, погоди многумина низ целиот регион, а по тој повод се огласи […]

Повторно четирицифрен број новозаразени во Грција, уште три градови во мини карантин


Грција– Во Грција веќе трет ден по ред се регистрирани над 1.000 нови случаи на коронавирусот, а во изминатите 24 часа бројката е помала од вчера, односно 1.211 новозаразени, а починаа уште 12 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Половина од случаите, повторно се во областа Атика (335) и во Солун (275). Заменик-министерот за […]

Албанија ќе го ограничува работното време на угостителските објекти


Поради високите бројки на новозаразени во текот на овој месец, во просек 300 дневно или 22 отсто од тестираните, албанскиот Комитетот за заразни болести најави ограничување на работното време на угостителските објекти. -За последните две недели, инциденцата на случаи со Ковид-19 е 130 на 100.000 жители. Ја разгледуваме можноста за ограничување на работното време на […]

Во Босна и Херцеговина близу 2.000 новозаболени, починаа 21 пациент


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина направени се 4.367 тестирања, а регистрирани се 1.903 нови случаи со корона вирус, што е највисок број доосега. Во истиот период починале 21 пациент со Ковид-19. Во Федерацијата пријавенис е 2.896 примероци, а позитивни биле 1.219. Досега тестирани се вкупно 201.479 примероци, а корона вирусот е […]

Србија повторно со повеќе од 1.000 заразени, починаа шест пациенти


  Според последните информации во Србија потврдени се 1.384 случаи на заразени со Ковид-19, а починаа шест пациенти. Од последниот извештај тестирани се 9.457 примероци. Вкупно се тестирани 1.318.096 лица. Во болниците на респиратори се 44 пациенти. Вкупно досега починаа 809 пациенти.

Акција „Дрво на пријателството“ во главните градови од регионот


Европскиот фонд за Балканот ја почна кампањата „Дрво на пријателството“, која предвидува засадување 400 дрвја во сите престолнини на земјите во регионот. Дрвата ќе бидат засадени истовремено утре (30 октомври) во Скопје, Белград, Приштина, Тирана, Подгорица и во Сараево. Најавена е волонтерска и логистичка поддршка од голем број локални партнери, од здруженијата „Право на град“, […]

Минатата година над 21.800 албански граѓани станале италијански државјани, а за 11 години – над 210 илјади


Италијанско државјанство минатата година добиле околу 127.000 странци, меѓу нив 21.841 албански емигранти. Според бројот на добиени италијански државјанства, албанските граѓани се на прво место меѓу странските заедници во Италија, по што следуваат оние од Мароко со 15.496, па од Бразил 10.660. Според последниот официјален извештај на италијанските власти во оваа земја живеат 440.854 албански […]

Ана Брнабиќ ќе живее во вилата на Јованка Броз


Српската премиерка Ана Брнабиќ може да започне да ја користи вилата во Белград каде со децении живееше вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз. Како што јави дописникот на МИА од Белград, со декрет на Владата, вилата во улицата Кнез Александар Караѓоре на Дедиње ставена е во објектите за репрезентативни потреби на Република Србија. Одлуката […]

Во Белград пристигнаа донираните руски тенкови


Авиони со донираните тенкови од Русија почнаа да слетуваат на аеродромот Батајница во Белград. Руската Федерација и донираше на Србија 30 тенкови Т-72МС на Србија, а првите се веќе испорачани. Како што изјави поранешниот министер за одбрана, Александар Вулин, Србија тенковите Т-72 ги доби како донација во рамките на воено-техничкиот договор постигнат меѓу претседателите Александар […]

Мас: Одливот на мозоци – проблем во земјите од Западен Балкан


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас рече дека одливот на мозоци е проблем во земјите од Западен Балкан, поради што предложи реформи и вети поддршка од Европската унија. На отворањето на конференцијата „Младите, миграцијата и демографските предизвици на Западен Балкан“ вчера во Берлин, Мас истакна дека Европа не е против миграцијата, но дека е […]

Хрватска никогаш како денеска: 2.776 заразени, 18 мртви


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани рекордни 2.776 новозаразени, а во истиот период починаа 18 пациенти со Ковид-19. Во моментот активни се 14.031. Од нив 985 пациенти се лекуваат во болница, а 71 се на респиратор. Од почетокто на пандемијата до денеска забележани се вкупно 43.775 заразени со корона вирус, а 511 […]

Загриженост во Грција за зголемениот број нови случаи на Ковид-19, Јанина и Серес во мини карантин


Поради лошата епидемиолошка слика грчките градови Јанина и Серес од денеска се во црвената фаза (зголемена опасност) односно во мини карантин, а по вчерашните рекордни 1.547 случаи на Ковид-19 во Грција, постои загриженост и не е исклучена можноста за дополнителни рестрикции, пред сѐ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Во Јанина и Серес, […]

Србија доби нова влада, Ана Брнабиќ по втор пат премиерка


Со 227 гласа „за“ и пет „против“, пратениците во Собранието на Србија ја изгласаа новата Влада. Немаше воздржани, а 16 пратеници беа отсутни, јави дописникот на МИА од Белград. Мандатарот на новата српска Влада, Ана Брнабиќ во експозето со планот за работа на Владата и идните министри денеска посочи дека новата Влада на Србија ќе […]

Повторно рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.547 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број на новозарзени за еден ден, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа десет лица, а зголемување има и во бројот на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, шест […]

Во Албанија рекорд од 311 новозаразени со Ковид-19, подготвена трета ковид болница


Во последното деноноќие, во Албанија регистран е негативен рекорд од 311 новозаразени со Ковид-19 од 1.397 тестирани, што е 22,2 отсто од тестираните, јави дописничката на МИА од Тирана. И понатаму Тирана е главното жариште на болеста, каде се 100 од новозаразените, по што доаѓа Фиер со 66 и Драч со 32. -Во исто време […]

Шест цели на новата српска влада


Мандатарката на новата српска влада, Ана Брнабиќ во експозето со планот за работа на владата и идните министри посочи дека новата ќе биде и влада на континуитет со владите од 2014 и од 2017 година. Брнабиќ во српскиот Парламент посочи дека владата ќе има шест цели – борба против новиот коронавирус и зајакнување на здравјето, […]

Босна и Херцеговина бележи рекорди: 1.586 новозаразени и 36 смртни случаи


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се вкупно 1.586 случаи со корона вирус, починаа 36 пациенти. Во Федерацијата направени 2.275 тестови од кои 932 биле позитивни на Ковид-19. Досега тестирани се вкупно 198.583 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 28.581 пациенти. Излечени се 18.663 пациенти од кои 96 во последното деноночие. […]

Хрватска со 23 починати од Ковид-19 и 2.378 новозаразени


Во Хрватска во последното деноноќие забележани се 2.378 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи се искачи на 12.736. Од нив 932 пациенти се на болничко лекување, а 68 на респиратор. Денеска во оваа земја од Ковид-19 починале 23 пациенти, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. […]