Хрватска со 23 починати од Ковид-19 и 2.378 новозаразени


Во Хрватска во последното деноноќие забележани се 2.378 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи се искачи на 12.736.

Од нив 932 пациенти се на болничко лекување, а 68 на респиратор.

Денеска во оваа земја од Ковид-19 починале 23 пациенти, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Досега во Хрватска забележани се 40.999 случаи на корона виурс, од нив 493 починаа, а оздравеа 27.770, од кои 930 во последните 24 часа. Во изолација се 14.924 лица.

До денеска тестирани се вкупно 466.315 лица, од кои 8.589 во последните 24 часа.