Во Босна и Херцеговина близу 2.000 новозаболени, починаа 21 пациент


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина направени се 4.367 тестирања, а регистрирани се 1.903 нови случаи со корона вирус, што е највисок број доосега. Во истиот период починале 21 пациент со Ковид-19.

Во Федерацијата пријавенис е 2.896 примероци, а позитивни биле 1.219. Досега тестирани се вкупно 201.479 примероци, а корона вирусот е потврден кај 29.800 лица.

До денеска во Федерацијата оздравеле 19.083 пациенти, а активни се 9.961 случаи.

Во Федерацијата во последните 24 часа пријавени се 12 нови смртни случаи или вкупно досега 756.

Во Република Српска регистрирани се 649 новозаразени со корона вирус, што е најмногу од почетокот на епидемијата. Тестирани се 1.371 примероци.

Пријавени се девет смртни случаи или вкупно во РС од Ковид-19 починаа 400 пациенти.

Потврдени се вкупно 16.356 случаи, а оздравеле 8.194.

Во Брчко има нови 35 случаи од тестирани 100.