Босна и Херцеговина бележи рекорди: 1.586 новозаразени и 36 смртни случаи


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се вкупно 1.586 случаи со корона вирус, починаа 36 пациенти.

Во Федерацијата направени 2.275 тестови од кои 932 биле позитивни на Ковид-19. Досега тестирани се вкупно 198.583 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 28.581 пациенти.

Излечени се 18.663 пациенти од кои 96 во последното деноночие. Во моментот активни се 9.174 случаи.

Во Федерацијата денеска се пријавени 20 смртни случаи од Ковид-19.

Во Брчко регистрирани се 24 од вкупно обработени 74 теста. Починаа двајца.

Во Република Српска пак тестирани се 1.408 примероци, а 630 биле позитивни.

Пријавени се и 14 смртни случаи.