Хрватска со нови 2.772 заразени, починаа 20 лица


 

Во последните 24 часа забележани се 2.772 нови случаи на заразени со корона вирус по што бројот на активни случаи се искачи на 15.106.

Меѓу нив 1.027 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор има 74 пациенти.

Починаа 20 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска се забележани 46.547 позитивни на корона вирусот, од кои 531 починаа, а оздравеа 30.910 .

Во самоизолација се 29.098 лица.

До денеска тестирани се вкупно 485.281 лица од кои 9.287 во последните 24 часа.