Почина митрополитот црногорско приморски Амфилохиjе


Митрополитот  црногорско приморски Амфилохије утрово почина во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, соопшти Митрополијата.

Митрополитот Амфилохије почина во осум часот и 20 минути, а Митрополијата наведе дека дополнително ќе биде известена јавноста за деталите за погребот.

Веста дека почина Митрополитот црногорско приморски Амфилохије, погоди многумина низ целиот регион, а по тој повод се огласи и мандатот за состав на црногорската влада, Здравко Кривокапиќ.

„Ја добив веста за смртта на нашиот митрополит Амфилохије. Иако ние како луѓе сме тажни, убеден сум дека Црквата денес прими светец! Молете се, епископ, во небесното Царство за вашата Црна Гора”, напиша Кривокапиќ на Твитер.

Во чест на митрополитот  ѕвоната во сите православни хранови во Црна Гора ќе ѕвонат до неговиот погреб кога ќе биде испратен во неговото вечно почивалиште.

На Амфилохије на 6-ти октомври му е дијагностициран коронавирус, а истиот ден  бил примен во Клиничкиот центар во Црна Гора.Неговата здравствена состојба во меѓувреме се поправи, а на 20 октомври направените тестови покажале дека е негативен на коронавирус. Вчера, ситуацијата нагло му се влошила и било приметено отежнато дишење.