Албанското тло не мирува, земјотрес од 3,5 степени во Драч


Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер е регистриран во 16:36 часот во близина на албанското пристаниште Драч. Епицентарот на земјотресот е во Јадранско Море, 23 километри од Драч,односно 42 километри од Тирана а на длабочина од пет километри. Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, ова подрачје го погоди вчера нешто по […]

Во Црна Гора во еден ден повеќе заразени отколку во целиот прв бран на епидеммијата Ковид-19


Црна Гора – Во Црна Гора денеска има рекордни нови 344 случаи на заразени со новиот коронавирус, што значи дека денешниот број е поголем од вкупниот број на заразени во првиот бран на епидемијата, кога беа регистрирани вкупно 324 случаи од средината на март до почетокот на мај. Црногорските епидемиолози предупредија дека бројот на заразени лица […]

И во Србија расте бројот новозаразени – денеска 173


  Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се нови 173 случаи со корона вирус, а почина еден пациент. Тестирани биле 6.933 примероци. На респиратори во болниците ширум земјата се 21 пациент. Досега од последиците на Ковид-19 во Србија починаа 761 лице. Вчера во Србија беа регистриани 121 новозаболен.

Словенија со нови 363 заразени со корона вирус


Во последните 24 часа, во Словенија се потврдени 363 новозаразени со коронавирус, од вкупно 3.682 тестирани, а четири лица починаа, објави словенечката влада. Бројот на инфекции се искачи на 7.872 од почетокот на епидемијата, има 2.865 активни случаи, а вкупно починаа 165 пациенти. Во моментов во болниците има 138 пациенти, од кои 22 се на […]

Уапсен Хрват во Германија – со мачета го убил постариот брат


Хрватски државјанин на возраст од 30 години бил уапсен во близина на германскиот град Минхен во четвртокот, каде со мачета го убил три години постариот брат, јави баварската полиција. Полицијата и итната медицинска помош рано утрото добиле повик од станарка на една зграда во Емеринг која слушнала кавга и тропање во соседниот стан. По доаѓањето […]

Српските служби за безбедност ја предупредија власта: Се спремаат напади од Албанци


Службите за безбедност на Србија го предупредија државниот врв дека се спремаат организирани напади и провокации од Албанци, пишуваат белградските медиуми. „Србите на Косово, особено оние во енклавите, во следните денови ќе бидат на мета на организирани провокации и напади од Албанци, а сѐ со цел да се створи нестабилност која би довела до повторен […]

Хрватска со високи бројки, но денеска под 500 новозаразени


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 457 заразени со корона вирус, па бројот на активни случаи изнесува 2.438. Меѓу нив 385 пациенти се лекуваат во болница, а 28 се на респиратор. Починаа тројца пациенти. Досега во Хрватска вкупно се заразиле 19.446, а починаа 313.ж Оздравеа 16.695 пациенти, од кои 222 во последното […]

Хрватска: Треба ли да се укине дневната објава на корона бројки?


Дел од научниците заговараат да се запре со дневната пракса на објавување на новозаболени лица со Ковид-19. Таква дилема има и во Хрватска на која се противат директорот на Заводот за јавно здравје, Крунослав Цапак и министерот за здравство, Вили Берош. Тамошниот национален штаб подолго од 200 дена објавува бројки на инфицирани, починати и оздравени […]

Пакет (не)доволен за пресврт на Западниот Балкан


Иако пакетот инвестиции за Западниот Балкан делува раскошно, во реалноста нема да има важни промени, вели за ДВ Душан Рељиќ, директор на бриселската канцеларија на германската Фондација за наука и политика   ДВ: Европската комисија го претстави долго најавуваниот Економско-инвестициски план за Западен Балкан. Во Комисијата велат дека токму овие инвестиции од предложените девет милијарди […]

Бугарија со рекорден број новозаболени од Ковид-19


Во Бугарија бројот на заболени со корона вирус продолжи да расте, а во последните 24 часа се потврдени 516 нови случаи, што е за 79 повеќе од претходниот ден. Бугарското Министерство за здравство објави дека ова е најголем број на новозаболени за еден ден од почетокот на пандемијата. Најмногу пациенти има во Софија и во […]

Европскиот парламент усвои резолуција со која ја осудува корупцијата во Бугарија и владата на Борисов


Европратениците во четвртокот усвоија критична резолуција за пропустите на владеењето на законот во Бугарија, која е насочена кон Бојко Борисов, премиерот на земјата, и предизвикува загриженост во врска со фондовите на ЕУ што ја разгоруваат корупцијата на високо ниво во земјата. 358 европратеници гласаа „за“ текст со кој се осудува „значително влошување“ на „владеењето на […]

Грција со 436 новозаболени


Во Грција денеска се потврдени 436 случаи со Ковид-19, а шест пациенти починаа од последиците од инфекцијата, соопшти грчката Организација за јавно здравје. Од новозаболените 65 се поврзани со постоечки кластери, додека 17 се увезени од странство, пренесе АНА. Порасна и бројот пациенти на апарати – дури 91 се интубирани во болниците. Најмногу заразени во […]

Нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија


Во Албанија се зголемува бројот на заразени со Ковид-19,каде во последното деноноќие регистрран е нов негативен рекорд на новозаразени. Од тестраните 971 сомнителен случај опасниот вирус е дијагностициран кај 169 што е за сеум случаи повеќе споредено со вчера кога беше забележан највисок број на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата. -Со последно […]

Словенечката Влада усвои нови мерки по рекордниот број новозаболени од Ковид-19


Словенечката Влада денеска донесе нови рстриктивни мерки, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, а една од нив е забраната за собирање повеќе од 10 лица. Собирање до 500 луѓе ќе биде можно само со одобрение од Националниот институт за јавно здравје. Забрането е да се служи храна и пијалоци на настаните, а […]

Србија се држи, но има раст на новозаболени – 151


  Во последните 24 часа Србија пријави нови 151 заболени од корона вирус, на 6.139 тестирани. Починаа две лица. Можеби во однос на другите земји од окружувањето, кога Хрватска пријави повеќе од 500 нови, Словенија близу 400, БиХ повеќе од 400, а Македонија 364, српските новозаразени можеби игледаат малку, но сепак, ова енајвисок број новозаразени […]

Со парите од ЕУ, Србија ќе ги финансира железницата, пловноста на Дунав и чистата енергија


Европската унија издвои девет милијарди евра бесповратни средства за Западен Балкан за стимулирање на развојот на регионот, а од тие пари во Србија ќе биде финансирани обновата на железницата, подобрување на пловноста на Дунав, но и преминот кон чиста енергија, изјави денес директорката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за Западен Балкан, Дубравка Негре. Таа посочи […]

Босна и Херцеговина со рекордни бројки, денеска 453 новозаразени


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина потврдени се 453 нови случаи со зараза од корона вирус. Во Федерацијата биле тестирани 1.604 примероци, од кои 296 биле позитивни. Ковид-19 досега е потврден кај 19.205 лица, излечени се 15.924 пациенти, а активни се уште 2.702 слчаи. Пријавени се пет смртни случаи во Федерацијата, или вкупно […]

Хрватска загрижува, денеска има 542 новозаболени, најмногу досега


Во последните 24 часа забележани се 542 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а бројот на активни случаи се зголеми на 2.206. Меѓу нив 361 пациенти се лекуваат во болница, а 27 се на респиратор. Почина едно лице. Од почетокот на пандемијата досега забележани се 18.989 заразени, од кои 310 починаа, а оздравеа 16.473 […]

Албанската Влада им ги простува сите казни на граѓаните за непочитување на мерките


Албанската Влада донесе одлука со која до 15 идниот месец ќе им бидат вратени парите наплатени на име казни, одземените лиценци за работа, возачки дозволи и возила,кои биле изречени во период на пандемија, поради непочитување на пропишаните мерки. Нормативниот акт предвидува простување на сите административни мерки од казнена природа, изречени од релевантните државни органи за […]

Поддршката за Бугарија го поткопува тврдиот речник на ЕПП за владеење на правото


Европската народна партија сака да се бори против злоупотреба на европските фондови, но избегнува да ја критикува истата таа пракса во Бугарија   Европската народна партија сака да ги има двата начина на владеење на правото. Дури и кога политичката група од десниот центар се залага за нови правила за запирање на средствата на ЕУ […]