Нови 1.945 заразени со корона вирус во Хрватска, починаа 31


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.945 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни случаи е 15.371.

Меѓу нив 1.827 пациенти се на болничко лекување, а од нив на респиратор се 196 пациенти.

Починаа 31 лице.

Од почетокот на епидемијата досега забележани се 87.464 заразени со корона вирусот, а починаа 1.113. Оздравеа 70.980 од кои 2.242 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 36.175 лица.

До денеска тестирани се вкупно 631.655 лица, а од нив 7.262 во последното деноноќие.