Во Хрватска забележани 1.313 новозаразени, починаа 33 пациенти


 

Во последните 24 часа забележани се 1.313 нови случаи на зараза со корона вирус во Хрватска, со што бројот на активни случаи е вкупно 15.699.

Меѓу нив 1.816 пациенти се во болница, а од тоа 191 на репсиратор.

Починаа 33 пациенти.

Од почетокот на епидемијата досега заразени се 85.519, од кои 1.082 починаа, а оздравеа 68.738 лица, од кои 2.507 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 35.071 лица.

До денеска тестирани се 624.393 лица, од нив 4.861 во последните 24 часа.