Од Ковид-19 почина албанскиот медиумски магнат Касем Хисенбелиу


Како последица од Ковид-19 во болница во Турција, каде беше на лекување, почина 59-годишниот Касем Хисенбелиу, сопственик на повеќе медумски куќи, меѓу кои и „Факс Њуз“, и познат албански бизнисмен. – Успешниот бизнисмен и сопственик на повеќе медиуми, Касем Хисенбелиу почина утрово во Турција, каде беше хоспитализиран неколку недели, како резултат на компликациите добиени од […]

Борис Тадиќ е позитивен на коронавирус


Лидерот на Социјадемократската партија и поранешен претседател на Србија, Борис Тадиќ објави дека е позитивен на коронавирусот. – Синоќа ги добив резултатите од тестот, кои покажуваат дека сум позитивен на Ковид-19. Затоа ги информирам сите со кои сум бил во директен или индиректен контакт. Почитувајте ги сите мерки за заштита и чувајте се себеси и […]

Кипар воведува највисока цена за тестовите за Ковид-19, најскапите 55 евра


Министерството за здравство на Кипар воведува највисоки цени за тестовите за Ковид-19, односно молекуларните (ПЦР) не смеат да бидат над 55 евра, а плафонот за брзите тестови е 25 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката стапува во сила од денеска, а во цената не е вклучен ДДВ. Од Министерството потенцираат дека тестирањата со […]

Рекорден број починати во еден ден од корона вирус во Србија – 69


  Во последните 24 часа во соседна Србија тестирани се 22.497 лица, а 7.782 биле позитивни, додека за жал 69 пациенти починаа. На респиратор во болниците се наоѓаат 270 пациенти. Досега црниот рекорд од починати од Ковид-19 во еден ден беше 65, а 7.999 позитивни. Во моментот во болница се лекуваат 7.700 лица. Епидемиологот Предраг […]

ЕК: Формирањето нова црногорска Влада е позитивен чекор напред


Европската комисија смета дека формирањето нова влада на Црна Гора претставува позитивен чекор напред, по изборите во август и конституирањето на новиот Парламент, изјави вечерва портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандез. – Ја поздравуваме посветеноста на новата Влада кон реформската агенда на ЕУ и со нетрпение очекуваме да работиме со црногорската Влада и парламентот на реформите и приоритетите поврзани со ЕУ, во […]

Во Албанија од Ковид-19 починаа 18, а новозаразени се 801 лице


Албанија – По благото опаѓање на бројот на заразени на дневно ниво, во последното деноноќие во Албанија, според Министерството за здравство и социјална заштита забележани се повторни високи бројки. -Во изминатите 24 часа од направените 2.264 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 801 лице, што е 35,3 отсто од тестираните. Во исто време регистрирана е висока бројка на починати […]

Пад од 11,7 отсто на БДП на Грција во третиот квартал од 2020 година


Бруто домашниот производ на Грција бележи пад од 11,7 отсто во третиот квартал од годинава во споредба со истиот период лани, но и зголемување од 2,3 проценти за разлика од второто тромесечје од 2020 година, согласно привремените податоци што денеска ги објави Грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за финансии […]

„Вијести“: Црна Гора и натаму на второ место по бројот на заразени на милион жители во светот


 Црна Гора сè уште е на второто место во светот според бројот на случаи на коронавирус на милион жители, покажуваат податоците на специјализираната страница „Ворлдметерс“. Пред Црна Гора, која според овие податоци има 58.800 случаи на милион жители, е само Андора со 89.294, пренесува црногорскиот весник „Вијести“. Според Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Црна […]

Во Словенија од Ковид-19 почина 61 пациент, нови 1.784 заразени


Во Словенија во последните 24 часа беа потврдени 1.784 нови инфекции со корона вирус, а 61 лице починаа, соопшти денеска словенечката влада, најавувајќи дека тековните мерки ќе останат на сила и следната недела. Како што рече владиниот портпарол Јелко Кацин на прес-конференција, во последните 24 часа биле тестирани 6.853 лица и биле потврдени 1.784 инфекции, […]

Поранешен албански министер почина од корона вирус


Поранешниот албански министер за евроинтеграции и за координација на владата, Марко Бело почина денеска на 59-годишна возраст како последица на коронавирусот. По дијагностицирањето на Ковид-19, тој 23 дена се лекуваше во болница во Турција, каде и почина. Покрај тоа што беше пратеник од редовите на Социјалистичката партија во период од 2001 до 2013 година, ја […]

Во Хрватска денеска 3.955 заразени со Ковид-19, починаа 68 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 3.955 нови случаи на заразени со корона вирус, а бројот на активни е 24.190. Меѓу нив 2.427 пациенти се на болничко лекување, а од нив 262 на респиратор. Починаа 68 лица. Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска забележани се 143.370 заразени, а починаа 2.032. Оздравеа 117.148, а […]

Бугарија усвои план за вакцинација, почнува од медицинските лица


Планот има пет фази во кои вакцините ќе бидат достапни само за одредени социјални и професионални групи за кои се смета дека се изложени на поголем ризик   (Од нашиот дописник)                                                   […]

Експлозија во центарот на Белград, еден загинат


Силна детонација, утрово околу 9.45 часот, оддекнала во центарот на српскиот главен град Белград. Според неофицијалните информации експлодирало комбе за достава на индустриски гас. Во експлозијата во близина на зградата на Радио Телевизија Србија има и загинати. Не е потврдено, но најверојатно едно лица го загубило, а двајца граѓани се повредени, во експлизијата пред РТС […]

Србија со нови мерки – кафеаните нема да работат од петок до понеделник


Угостителските и услужните објекти ќе можат да работат само до 17 часот во работните денови, а за време на викендите воопшто нема да работат, тоа е една од новите мерки предложени од Кризниот штаб, што Владата на Србија ќе ги донесе на седницата во четврток, потврдено е за „Блиц”. Новите мерки, стапуваат на сила од […]

Првата пратка со руски вакцини „спутник V“ стигна во Србија


  Дози со вакцината против корона вирус „спутник V“ стигнаа во Србија на завршни тестирања. Првите дози од вакцината се доставени во Белград, а како што истакнувааѕ институциите во Србија, вакцината ќе мора да помине лабораториска проверка во Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија. Русија прати 20 дози вакцина на тестирање во Србија. […]

Абазовиќ: Ми нудеа 21 милион евра да не го соборам Ѓукановиќ од власт


Лидерот на УРА, Дритан Абазовиќ, кој во новата црногорска влада е предложен за потпретседател, најверојатно за безбедност, изјави дека му биле понудени 21 милион евра да не коалицира со други две изборни листи со цел да се собори од власт ДПС на Мило Ѓукановиќ. Сепак Абазовиќ не сакаше да открие кој му ги понудил парите. […]

Италијански полицајци украле 195.000 евра од хрватски бизнисмен


  Полициски службеници од Буј уапсиле двајца полицајци од Неапол и уште четири други поради сомнеж дека во Пула ограбиле хрватски бизнисмен. Осомничени се дека од него украле 195.000 евра кои штотуку ги подигнал од банка. Двајца мажи го нападнале бизнисменот пред банката и му ја украле торбата во која биле парите, а потоа ја […]

Во Грција 100 починати од Ковид-19 и 1.882 новозаразени


Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19, починаа 100 лица, а заразени се 1.882 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 622 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, девет повеќе од вчера. […]

Акропол достапен и за лица со инвалидитет


Грција – Пристапот до Акропол, од денеска е достапен и за лицата со инвалидитет, преку новиот лифт, кој свечено беше пуштен во употреба во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерката за култура на Грција Лина Мендони и претседателот на Фондацијата „Онасис“ Андонис Пападимитриу, јави дописничката на МИА од Атина. -Денеска, 3 декември на Светскиот ден […]

Во Србија повеќе од 7.000 новозаразени, починаа 61 пациент


Во Србија денеска се регистрирани повеќе од 7.000 заразени со корона вирус. Поточно, според последните податоци од 22.243 тестирани 7.802 биле позитивни на корона вирус.  Во последното деноноќие од последиците на Ковид-19 починаа 61 пациент.