Загриженост во Грција за зголемениот број нови случаи на Ковид-19, Јанина и Серес во мини карантин


Поради лошата епидемиолошка слика грчките градови Јанина и Серес од денеска се во црвената фаза (зголемена опасност) односно во мини карантин, а по вчерашните рекордни 1.547 случаи на Ковид-19 во Грција, постои загриженост и не е исклучена можноста за дополнителни рестрикции, пред сѐ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Во Јанина и Серес, […]

Србија доби нова влада, Ана Брнабиќ по втор пат премиерка


Со 227 гласа „за“ и пет „против“, пратениците во Собранието на Србија ја изгласаа новата Влада. Немаше воздржани, а 16 пратеници беа отсутни, јави дописникот на МИА од Белград. Мандатарот на новата српска Влада, Ана Брнабиќ во експозето со планот за работа на Владата и идните министри денеска посочи дека новата Влада на Србија ќе […]

Повторно рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.547 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број на новозарзени за еден ден, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа десет лица, а зголемување има и во бројот на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, шест […]

Во Албанија рекорд од 311 новозаразени со Ковид-19, подготвена трета ковид болница


Во последното деноноќие, во Албанија регистран е негативен рекорд од 311 новозаразени со Ковид-19 од 1.397 тестирани, што е 22,2 отсто од тестираните, јави дописничката на МИА од Тирана. И понатаму Тирана е главното жариште на болеста, каде се 100 од новозаразените, по што доаѓа Фиер со 66 и Драч со 32. -Во исто време […]

Шест цели на новата српска влада


Мандатарката на новата српска влада, Ана Брнабиќ во експозето со планот за работа на владата и идните министри посочи дека новата ќе биде и влада на континуитет со владите од 2014 и од 2017 година. Брнабиќ во српскиот Парламент посочи дека владата ќе има шест цели – борба против новиот коронавирус и зајакнување на здравјето, […]

Босна и Херцеговина бележи рекорди: 1.586 новозаразени и 36 смртни случаи


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се вкупно 1.586 случаи со корона вирус, починаа 36 пациенти. Во Федерацијата направени 2.275 тестови од кои 932 биле позитивни на Ковид-19. Досега тестирани се вкупно 198.583 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 28.581 пациенти. Излечени се 18.663 пациенти од кои 96 во последното деноночие. […]

Хрватска со 23 починати од Ковид-19 и 2.378 новозаразени


Во Хрватска во последното деноноќие забележани се 2.378 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи се искачи на 12.736. Од нив 932 пациенти се на болничко лекување, а 68 на респиратор. Денеска во оваа земја од Ковид-19 починале 23 пациенти, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. […]

Рекорден број починати од Ковид-19 во Албанија


Во последното деноноќие во Албанија од Ковид-19 починале седум лица што е највисока бројка до сега. Меѓу починатите е и педесетгодишна акушерка од Елбасан и 71-годишниот свештеник Тоди Јовани од Подградец. Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 284 новозаразени од 1.278 тестирани што е 22,2 отсто од тестираните. Во исто време во списокот […]

Во Грција регистрирани рекордни 1.259 нови случаи на Ковид-19, позитивна и министерката за образование


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.259 нови случаи на Ковид-19, што е рекорден број новозаболени во еден ден и првпат бројката е четирицифрена, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, починати се 12 лица, 102 хоспитализирани пациенти се приклучени на апарати, додека, пак, од […]

Србија прв пат со повеќе од 1.000 новозаболени


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.053 нови случаи со корона вирус. Во истиот период починаа пет пациенти. Тестирани биле 9.430 примероци. На респиратор се 39 пациенти. Вчера во Србија беа регистриани 341 новозаболен, но очекувано затоа што беше понеделник и во недела се прават помалку тестирања. Загрижувачка беше бројката на примени пациенти […]

Босна и Херцеговина ниже рекорди: 1.555 новозаразени, починаа 21 пациент


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа од корона вирус се заразиле 1.555 лица, што е двојно повеќе од вчера кога имаше 703. Во Федерацијата тестирани се 1.720 примероци, а 909 биле позитивни. Досега вкупно се тестирани 196.308 примероци во Федерацијата, а вирусот е потврден кај 27.649 лица. До денеска оздравеле 18.567 пациенти, […]

Нова: Вучиќ направи пресврт, ги исфрли проруските министри од Владата


Србија – Традиционално добрите односи со Руската Федерација со кои се фалеше скоро секоја власт во Србија, овој пат се на најголем тест досега. Ова може да се заклучи врз основа на составот на новата влада и чистењето на „руските кадри“. Откажувањето на претходно најавената посета на Владимир Путин и потпишувањето на Вашингтонскиот договор очигледно придонесоа […]

Уапсени поранешни српски војници поради убиство на 78 цивили во БиХ


БиХ– Двајца поранешни припадници на војската на босанските Срби се уапсени денеска од полицијата по налог на Судот на БиХ, поради сомнеж дека учествувале во убиство на над 70 цивили од подрачјето на општина Кључ во 1992 година. Тие се под истрага поради сомнеж дека на 1 јуни 1992 година учествувале во нападот врз селото […]

Хрватска со 1.413 нови случаи, починаа 18 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 1.413 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а бројот на активни случаи изнесува 11.311. Во болница се лекуваат 897 пациенти, од кои 57 на респиратор. Починаа 18 лица. Од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 38.621 заразени, 470 починаа, а оздравеа 26.840. Во самоизолација се 27.720 […]

Рекордни 2.243 новозаразени лица во Бугарија


Во Бугарија во изминатите 24 часа се потврдени нови 2.243 случаи на заразени со корона вирус, од направени 7.659 тестирања, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата. Во изминатото деноноќие починале 42 лица. Најголем број од новозаразените се во Софија – 913. Меѓу инфицираните со Ковид-19 во земјата се наоѓаат и 1.948 лекари. […]

Приштина разгледува нови мерки против Ковид-19, не е исклучено затворање на границите


Косово – Министерот за здравство на Косово Арменд Земај изјави дека надлежните власти во државата ги разгледуваат сите опции за соочување со новиот бран на пандемијата на Ковид-19, вклучително и враќањето на порестриктивните мерки кои беа во сила во одреден период од соочувањето со заразата, јави дописникот на МИА од Приштина. Земај во интервју за порталот […]

Додека се лекува од корона, Борисов им подели совети на Макрон и Ердоган


Бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук го коментираше избувнувањето на вербална војна меѓу претседателите на Франција и Турција и им препорача да бараат дијалог, а не конфронтација. „Големите лидери се големи лидери затоа што разговараат за големи проблеми. Не создавајте непотребни во тешките времиња во кои живееме. Барајте дијалог, а не конфронтација. Дијалогот и почитта […]

Во Црна Гора заразени 97 ученици и 92 наставника, во самоизолација 558 лица


Црна Гора– Во Црна Гора, 97 ученици и 92 наставници во основните и средните училишта се заразени со коронавирус, поради што отсуствуваат од наставата, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „Според податоците што ги добивме утрово од Министерството за образование, отсутни се вкупно деведесет и седум деца кај кои е утврдено присуство на новиот коронавирус, а […]

Во Словенија 1.113 новозаразени, се зголемува бројот на пациенти во болниците


Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени нови 1.113 случаи на корона вирус, со што вкупниот број заразени достигна 24.063, од кои 15.230 се активни. Бројот на пациенти во болниците продолжува да се зголемува, каде престојуваат 523 пациенти, од кои 82 се на интензивна нега, а бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми […]