Во Грција 89 починати и 2.186 нови случаи на Ковид-19

Грција– Во Грција се регистрирани 2.186 нови случаи на Ковид-19, починаа 89 лица , а 613 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи, речиси половина, повторно се во Солун (453), во областа Атика (375) и во Лариса (129).

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција соопшти дека поради зголемениот притисок врз здравствениот систем во северна Грција, лекари од приватните клиники волонтерски заминуваат да им помогнат на колегите во болниците во северниот дел на земјата, а истото ќе го сторат и доктори од државните болници.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 109.655 заразени и 2.606 починати од Ковид-19.