Во Косово има 205 новозаразени, тројца починаа


  Во Косово денеска се потврдени 205 позитивни случаи од тестирани 943 примероци. Од последиците на корона вирусот починале тројца пациетни, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина. Во сооптението се додава дека во последните 24 часа излечени се 62 пациенти, а вкупно 15.150. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 18.148 случаи од 88.090 тестирани, […]

Србија со нови 341 позитивни на корона вирус


  Во последните 24 часа во Србија 6.503 лица биле тестирани на коронавирус, при што 341 од нив биле позитивни, а едно лице починало. Хоспитализирани се 107 лица, односно секое трето лице кое било позитивно на тестот. На болничко лекување моментално се 768 луѓе. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на […]

Лончар: Србија се подготвува за најлошо сценарио


Србија– Се зголемува бројот на лица заразени со коронавирус, но исто така и бројот на пациенти во болниците, изјави денеска српскиот министер за здравство, Златибор Лончар. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лончар истакна дека искористениот капацитет на ковид болниците во Белград „надминува 60-70 отсто“ и дека „14-15 пациенти“ се веќе сместени во […]

Во Хрватска 828 нови случаи, а 15 пациенти починаа


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 828 случаи со корона вирус, со што бројот на активни изнесува 10.919. На болничко лекување се 864 пациенти, а 65 на респиратор. За едно деноноќие починаа 15 лица. Од почетокот на епидемијата во Хрватска се забележани 37.208 заразени, од кои 452 починаа, а оздравеа 25.837. […]

Црна статистика за Босна и Херцеговина – 18 починати и 703 новозаболени


  Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа забелеажени се 703 новозаболени со корона вирус, а тестирани се 1.833 лица. Во Федерацијата пријавени се 952 примероци, од кои 383 биле позитивни. Досега тестирани се вкупно 194.588 примероци, а корона вирусот е потврден кај 26.740 лица, јави Кликс.ба. До денеска во Федерацијата излечени се 18.292 […]

Бугарија со нови 327 заразени, 10 починаа


  Во соседна Бугарија, во последните 24 часа од корона вирус заболеа уште 327 лица, додека 10 починаа. Тестирани се 2.257 лица, од кои 14,49 отсто биле позитивни на вирусот, пренесува БТА. Во Бгарија во моментот активни се 18.441 случаи, од кои 146 се во болница. Најмногу заболени има во Софија.

Границите со Грција остануваат затворени до 8 ноември


Грчката Влада, до 8 ноември ги продолжи двете министерски одлуки што се однесуваат на ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, како и на забраната за влез во земјата на државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина. Претходните две министерски одлуки беа […]

Лавров во посета на Грција, БиХ и Србија


Русија – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска почнува турнеја низ регионов, при што ќе ги посети Грција, БиХ и Србија. Лавров прво ќе допатува во работна посета на Атина, каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, премиерот Киријакос Мицотакис, како и со лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас. На […]

Уште 168 новозаразени во Црна Гора, починаа тројца


Во Црна Гора во последните 24 часа регистрирани се 168 новозаразени од 638 тестирани, а починаа три лица. Најмногу нови случаи се регистрирани во Подгорица. Во истиот период оздравеле 174 пациенти. Вкупно активни случаи во Црна Гора се 3.756, пренесе РТЦГ. Од почетокот на годината, вкупно од Ковид-19 заболеа 16.797.

Почина познатиот хрватски социолог и политичар Славен Летица


Во 1990–91 тој беше советник на претседателот Туѓман, а во ноември 2003 година беше избран за пратеник на листата на ХСП Истакнатиот хрватски социолог, универзитетски професор, публицист и политичар Славен Летица почина во неделата во Загреб на 74-годишна возраст по долго и тешко боледување, јави Хрватската телевизија, пренесе Хина. Славен Летица е роден во 1947 […]

Во Косово 186 заразени и двајца починати од Ковид-19 последните 24 часа


 Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 663, откако двајца пациенти кај кои бил откриен коронавирусот починаа во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 186 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен […]

На свадби и погреби во Хрватска најмногу по 30 луѓе, нема продажба на алкохол по полноќ


  Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска објави нови мерки што ќе стапат на сила во понеделник, откако денеска беа регистрирани рекордни 2.421 нови случаи на коронавирус во земјата. Со новата уредба се пропишува строга мерка за физичко растојание – 2 метри во затворени простории и 1,5 метри на отворено. Забрането е одржување на […]

Бојко Борисов заразен со корона вирусот


Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави дека е заразен со вирусот корона. Тој на својот фејсбук профил напиша: „Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, јас во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По двата направени PCR-теста од денеска сум позитивен на Ковид-19. Во принцип, имам општа слабост и лошо […]

Босна и Херцеговина повторно над 1.100 нови случаи, 11 починаа


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 1.135 нови случаи со корона вирус, а тестирани се 2.523 лица. За разлика од вчера имаат 130 помалку денеска. Во Федерацијата направени се 1.749 тестови,а позитивни биле 729. Нови случаи се регистрирани во сите кантони, а најмногу во кантонот Сараево – 241. Досега се […]

Србија со нови 614 заразени, починаа тројца


Според последните информации за корона вирусот во Србија во последните 24 часа заболеле 614 луѓе. Починаа уште тројца пациенти, со што бројот на жртви се искачи на 792. Направени се 4.739 тестови, а процентот на заразени е 12,96 отсто. На респиратори се 26 пациенти, а вкупно во болница се лекуваат 694 пациенти.

Сплитската клиничка болница бара 300 медицински сестри, на конкурс се јавиле само 14


Клиничкиот болнички центар во Сплит распиша конкурс за вработување медицински сестри, а досега се пријавиле само 14. На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит, исто така, се обиде да привлече медицински сестри […]

Словенија со 1.675 новозаразени, во болниците се лекуваат само ковид-болни и итни случаи


Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 1.675 нови случаи со корона вирус, а починаа петмина. Бројот на дневни зарази е помал од рекордниот 1.961 во саботата, но процентот на потврдени случаи од тестирани е највисок, речиси 30 отсто. И понатаму се зголемува бројот забоелни во болниците во кои во моментот се лекуваат 508 […]

Хрватска урива рекорди, денеска 2.421 новозаболени


  Во Хрватска денеска се забележани најмногу новозаболени во еден ден, дури 2.421. Починаа осум пациенти. Со најновата бројка, активните случаи се зголемија на 11.144. Од нив 825 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 58. Од почетокот на епидемијата до денеска во Хрватска се регистрирани 36.380 заболени со корона вирус, од кои 437 […]

Анталија – на листата на светски топ дестинации, миленичка на Ататурк (репортажа)


Анталија се смета за „рај на земјата“, нарекувана е бисер на Медитеранот и центар на турската ривиера. Сите овие метафори се заслужени благодарение на прекрасната природа, тиркизното море, жолтите песоци, смарагдните борови шуми кои го опшиваат градот и блиската планина Таур (Торос) која се огледа во морските води. Тука се и бројните пештери, водопади, национални […]

Во Словенија од денеска во болниците само пациенти со Ковид-19 и итни случаи


Од денеска, приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итни случаи и оние кои се заболени од Ковид-19. Ттоа беше пропишано со указ издаден синоќа од министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар. Иако Универзитетскиот клинички центар во Словенија, најголемата здравствена установа во земјата и неколку други болници започнаа да […]