Во Бугарија последниов ден починаа 153 лица


Бројот на заразени и починати во Бугарија и натаму е голем. Во последните 24 часа починале 153 лица, а Ковид-19 е потврден кај 3.475 од направени 9.056 теста. Вкупно има 4.188 жртви од корона вирусот. Бројот на потврдени случаи е 148.775, а активни се 91.587. Во болниците има 493 лица на интензивна нега.

Во двата најголеми града има најмногу нови инфекции – во Софија 722, а во Пловдив 355.

До крајот на оваа недела во Бугарија треба да пристигнат фрижидерите каде што треба да се чуваат вакцините на „Фајзер“. Според бугарскиот министер за здравство вакцината на „Фајзер“ треба да стигне во Бугарија околу Нова година. Во првата фаза ќе се вакцинираат само ризичните групи.