Ивица Дачиќ до Софија: Бугарија беше фашистички окупатор на јужна Србија


Претседателот на српскиот парламент, Ивица Дачиќ, ја обвини Бугарија за сторени „сериозни фашистички злосторства“. Тој исто така упати коментари до македонскиот премиер Зоран Заев околу интервјуто за Бгнес.

Во гостувањето на провладината ТВ Пинк, Ивица Дачиќ, праша „дали српската јавност воопшто е запознаена со намерите на Бугарија“.

Разговорот започна со извадок од интервјуто со Зоран Заев, во кое тој рече дека Бугарија е пријателска земја.

„Зоран Заев не е политички неписмен. Тој многу добро знае дека кажаното не е точно. Тој знае многу добро каде ги продавал своите земјоделски производи – во Србија и Југославија, секако не во Бугарија. Но, Бугарија му е потребна“, рече Дачиќ.

Дачиќ тогаш со иронија рече: „Ако мислат дека се Бугари, дека немаат свој јазик, тоа е нивна работа. Но, вие нема да ја прогласите бугарската окупација за администрација. Бугарската окупација беше дел од хитлеровската коалиција. Барем ние што живееме во јужна Србија многу добро знаеме колку беа сериозни бугарските злосторства. Тоа не беше администрација“.

Во студиото беше и српска фолк-ѕвезда Цеца Ражњатовиќ.

Таа одби да ја коментира дискусијата и рече само дека „лично ги познава и Зоран Заев и Бојко Борисов“. Дачиќ саркастично коментираше: „Тие сѐ уште се две земји“.

На почетокот на оваа година Дачиќ ја обвини Софија на државната телевизија дека се меша во нејзините внатрешни работи:

„Бугарија на секој состанок на Европскиот совет го покренува прашањето за правата на бугарското национално малцинство и вели дека имало многу Бугари во Србија. Тие претставуваат само 0,26 отсто од нашето население“, рече тогаш Дачиќ.

Тогаш премиерот Бојко Борисов јавно побара од Дачиќ да се извини.