Во Хрватска нови 4.534 заразени со Ковид-19, починаа 48 пациенти

 

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 4.534 нови случаи со Ковид-19, а бројот на активни случаи денеска изнесува 23.942. Меѓу нив 2.501 пациент се лекуваат во болница, а од нив на респиратор се 258 пациенти.

Починаа 48 оациенти, или вкупно досега 1.964.

До денеска тестирани се 780.257 лица, а од нив 11.166 во последните 24 часа.

До денеска забележани се 139.415 заразени со корона вирус, а оздравеа 113.509 лица.