Силен земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово ја потресе Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).

Потресот се случил во 7 часот и 45 минути.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, 22 километри западно од градот Сирт и седум километри северно од Курталан, југоисточна Турција.