Експлозија во центарот на Белград, еден загинат


Силна детонација, утрово околу 9.45 часот, оддекнала во центарот на српскиот главен град Белград. Според неофицијалните информации експлодирало комбе за достава на индустриски гас.

Во експлозијата во близина на зградата на Радио Телевизија Србија има и загинати.

Не е потврдено, но најверојатно едно лица го загубило, а двајца граѓани се повредени, во експлизијата пред РТС се уништени три автомобили.

Според Итната медицинска помош еден од повредените е пренесен во болница на реанимација.