Во Словенија од Ковид-19 почина 61 пациент, нови 1.784 заразени


Во Словенија во последните 24 часа беа потврдени 1.784 нови инфекции со корона вирус, а 61 лице починаа, соопшти денеска словенечката влада, најавувајќи дека тековните мерки ќе останат на сила и следната недела.

Како што рече владиниот портпарол Јелко Кацин на прес-конференција, во последните 24 часа биле тестирани 6.853 лица и биле потврдени 1.784 инфекции, што значи дека уделот на позитивите е 26,3 проценти.

„Резултатите од бројот на инфекции и состојбата во болниците се такви што сегашните ограничувачки мерки ќе останат на сила и следната недела“, рече Кацин, соопштувајќи ја одлуката на владата.

Според новите податоци, просечниот број на нови дневни инфекции во изминатите седум дена е 1.478, што значи дека не е исполнет условот за олеснување на некои ограничувања, според семафорот за отворање дефиниран од владата.

Во моментов има и 1.284 пациенти во болниците, додека првиот чекор за да се намалат ограничувањата, бара тој број да опадне под 1.200.